Мотоциклот БМВ со потпис на папата Лав 14-ти се продаде за 130.000 евра на наддавањето во Минхен

На наддавањето на Сотби во Минхен успешно беше продаден посебно изработен мотоцикл БМВ Р 18 Трансконтинентал, потпишан од папата Лав 14-ти.

Со потписот на папата Лав 14-ти, вредноста на мотоциклот на БМВ се зголеми петкратно

Средствата од продажбата на мотоциклот во висина од 130.000 евра ќе бидат наменети за проекти за помош на децата во Мадагаскар.

Групацијата БМВ на свеченоста што беше одржана во Ватикан на 3-ти септември, на папата Лав 14-ти му предаде посебно изработен БМВ Р 18 Трансконтинентал, за Папата да го освети мотоциклот и да го овечковечи со својот потпис.

Овој уникатен мотоцикл што по тој чин во Ватикан беше замислено да се даде на наддавање, со потпис од Папата, на 18-ти октомври беше продаден на аукцијата што ја организираше Сотби во Моторворлд, во Минхен.

Средствата во висина од 130.000 евра ќе бидат наменети за проекти за помош на децата во Мадагаскар.

Претходна објаваПротераниот шеф на Стелантис вели дека концернот ќе се распаднел без него
Следна објаваОпел планира кинескиот Липмотор В10 да го продава како свој модел

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here