Опел Фронтера го предводи фронтот на новите големи автомобили со разумна цена

Еуроимпекс во вторникот, во атмосферата на прочуената скопска Русти, првпат пред медиумите ја прикажа новата Опел Фронтера. Се чини дека ова нема да биде единствен пат Фронтера да се спомнува во насловите.

Опел Фронтера со шатор на покривот, во истата сценографија како на фабричките фотографии од светската премиера; Во Еуроимпекс направија уште една премиера за паметење

Во Стелантис се случија големи промени во понудата од модели што ја сочинуваат основата на понудата. Прв со новата платформа Смарт Кар беше двоецот Ситроен Ц3 и Ц3 Еркрос, по него следеше Фиат Гранде Панда, хет трикот доаѓа сега со Опел Фронтера. Од сите три марки пријавуваат дека со години немало толку висока побарувачка за нов модел.

Првиот примерок од новата Опел Фронтера беше испорачан уште летоска, а во меѓувреме во салонот на Илинденска постојано беше изложен примерок од моделот, меѓутоа дури сега следи нејзината вистинска премиера на македонската сцена, откако се заокружени сложените импортерски процедури, што опфаќаат поими како алоцирање на производство, и секако обуки на сите рамништа.

Фронтера е познато име од историјата на Опел, и важно име, затоа што марката со блицот уште во раните 1990-ти години беше меѓу првите што со тогашната Фронтера се впушти во СУВ-сегментот. Марката Опел, секако дека има посебно поглавје во историјата на македонската автомобилска сцена, така што ова е веројатно најважната премиера на Опел за следните пет години.

Опел Фронтера во новата генерација е модел од Б-СУВ сегментот, а тоа значи дека е модел од сегментот што бележи најголема продажба на европскиот пазар, заедно со Ц-СУВ сегментот. Моделот не напаѓа во делот од пазарот каде што се водат борби со најниска цена, но затоа напаѓа таму каде што конкуренцијата нстапува со противвредност.

Местото што веројатно ќе го заземе новата Фронтера на пазарот, во поглед на големината за семеен автомобил, и во поглед на противвредноста, односно цената, е местото што некогаш им припаѓаше на популарните лимузини од компактниот сегмент, од ковот на Пежо 301, Ситроен Ц-Елизе, Фиат Типо. Секако дека тоа се сосем два различни концепти, лимузина и СУВ, меѓутоа во поглед на парчето автомобил што се добива за парите, исто е.

Цената за модел со 1,2-литарски мотор, во комбинација со електормотор од 21 КС што е вграден во 6-степениот менувач со двојна спојка, изнесува 21.000 евра. Менаџерите го спомнуваат пакетот од 1.000 евра, во којшто се вклучени кожа на воланот, потпирач за раце напред, 10” екран во боја со навигација, широкоаголна камера за возење наназад и безжичен полнач за телефон, за којшто веројатно ќе се решаваат повеќето од купувачите на Фронтера.

Опел ги објави македонските цени за Фронтера, изненадува електричниот модел

Моделот наскоро пристига на тест во Аутомедиа, а менаџерите на Опел во меѓувреме порачуваат:

„Новата Opel Frontera е секојдневен херој кој семејствата го посакуваат. Со својот робустен дизајн, комфор, многу простор, економичен и достапен по навистина прифатлива цена, ова е вистинскиот автомобил дизајниран за сите Вашите секојдневни животни авантури. И не, не е автомобил наменет само за семејства и за оние кои сакаат опција со 7 седишта, туку е наменет и за сите лица кои се љубители на авантури и сакаат со своето возило да добијат многу можности,“ изјави Томислав Нафидов, Бренд Менаџер во Еуроимпекс.

„Вистинската супермоќ на Opel Frontera е токму нејзиниот фокус на деталите кои го чинат секодневното функционирање и однос помеѓу возачот и возилото. Ова се огледува во јасниот, робустен изглед и продолжува во воздушестиот, флексибилен ентериер. Бројни практични решенија и многу голем багажен простор од 1.600 литри. Со патентираната функција Intelli-Seat за возачот и совозачот, Opel повторно ги прави иновациите за седиштата достапни за широк спектар на клиенти. Покрај тоа, инфозабавниот систем и другите системи кај Frontera, за разлика од многу нови патнички автомобили, можат да се управуваат лесно и интуитивно. На пример, Frontera Hybrid од основно ниво на опременост доаѓа со станица за паметни телефони како стандард што им овозможува на патниците да го користат својот мобилен уред како извор на инфозабава,“ изјави Драган Јовев, Продукт Менаџер на Опел во Еуроимпекс.

Сите ги бараат белите челични тркала

Претходна објаваОвој пикап носи знак на Нисан, но е дело на Донгфенг
Следна објаваКризата со чиповите на Нексперија ги загрозува германските фабрики за автомобили

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here