Волво произведе 4 милиони автомобили од тековните серии 60 и 90

Волво јави за четири милиони произведени возила што ја користат платформата СПА. Прв беше Волво Икс Ц 90 во 2014 година.

Платформата СПА во верзијата Твин Енџин за Волво Икс Ц 90; Батеријата е во средина, заради баланс и заштеда на простор

Волво Карс го произведе 4-милионитиот автомобил што е конструиран врз платформата СПА, којашто донесе големи промени во шведската марка.

Првиот модел на Волво Карс што ја користеше оваа платформа е луксузниот СУВ-модел од вишата класа Икс Ц 90 во 2014 година. Со техниката на оваа платформа, моделите на Волво постигнаа голем скок во технологијата.

Клучна кај оваа платформа беше можноста да се изведуваат различни модели, но и повеќе видови погон, вклучувајќи електрификација. Со користење заедничка платформа, за повеќе модели и нивни варијанти да се изработуваат на иста лента, Волво можеше значително да ги скуси производствените трошоци.

СПА (Скалеста платформа аркитехтура) е развиена, конструирана и усовршена во Шведска. Од нејзиното воведување, таа послужи како основа за шест различни модели. Овие модели се прозведуваат на три континенти, во четири држави: Белгија, Кина, Шведска и САД.

Славеничкиот примерок е од моделот Волво Икс Ц 90, произведен во домашната фабрика во Шведска.

СПА воведе бројни технологии во Волво, прво во Икс Ц 90, а потоа и во сите останати моделски серии. Голем дел од технологиите секако дека се од подрачјето на безбедноста, традиционално силен домен на Волво. Меѓу нив, главни се системот што ги предзатегнува безбедносните ремени кога возилото ќе излета од пат, како и системот што самостојно го запира возилото при неконтролирано влетување во крстосница.

Денешните модели на Волво имаат уште поцврст безбедносен кафез, благодарение на примената на борон челик со исклучителна цврстина.

Моделите од сериите 60 и 90 имаат уште бројни заеднички одлики, како светлата на Тор и приклучниот хибриден погон Твин Енџин.

Видеото од Волво Икс Ц 90 на тестот во Аутомедиа

Волво веќе ја има подготвено платформата СПА2, а се работи и на нејзиното 3-то унапредување. Денес меѓу другото се полага многу и на можноста за нов софтвер да се вчита во возилото по пат на податочен облак, како кај телефоните.

Шведскиот производител воедно најави и дека од следната година ќе започне со производство на Икс Ц 60, својот најпродаван модел, во фабриката во САД, со цел да се избегнат високите царини за увоз на авотмобили на важниот пазар. Меѓу останатите модели врз платформата СПА се С60, В60, С90 и секако Икс Ц 90.

Претходна објаваБМВ го престигна Лексус како најпродавана луксузна марка во САД
Следна објаваДонгфенг за пет денови по излез од фабрика качи на брод преку 1.000 возила за Источна Европа

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here