
Лексус во второто тромесечје го презеде водството од БМВ во луксузниот сегмент во САД.
Двата производители најавија рекордни продажби за годинава.
„Желка и зајак, БМВ и Лексус се движат по две различни патеки кон успех,“ изјави за Аутомитив Њуз, Ајван Драри, директор на Едмундс.
БМВ во април почна да регистрира продажби на автомобили од моделското годиште 2026, додека Лексус неодамна се префрли на модели од новата моделска година, додава Драри.
Според податоците на Едмундс, моделите од 2026 година учествуваат со 51 проценти во продажбата на БМВ во третото тромесечје, додека тој удел кај Лексус изнесува само 4,8 проценти.
Дилерите на Лексус сепак ги празнеле побрзо своите залихи во третиот квартал.
На дилерите на БМВ во просек им биле потребни по 46 денови за да продадат автомобил, главно поради забавувањето во продажбата на електрични возила од своите залихи. Дилерите на Лексус, коишто имаат само еден ЕВ во понудата, ја продавале својата залиха за 22 денови, што е најбрзо од сите луксузни марки, според Едмундс.
Видеото од тестот на Мини Купер во Аутомедиа
БМВ ценат дека имаат „добар баланс во снабдувањето“
Продажбата на БМВ во третото тромесечје порасна 25 проценти во споредба со лани, кога марката беше погодена од голем сервисен повик, заради проверка на сопирачките.
Засилената побарувачка за приклучните хибриди и за СУВ-моделите на БМВ придонесе за повисоката продажба во третото тромесечје. Приклучните хибриди постигнаа раст од 37 проценти, наспроти 16 проценти кај електричните модели.
Шон Багби, потпретседател во БМВ за Северна Америка, цени дека забавената продажба на ЕВ се должи на ограничените залихи.
БМВ изврши „целно смалување“ во производството на ЕВ во мај и јуни, поради неизвесноста околу царините во САД, околу побарувачката и укинувањето на субвенциите за ЕВ, посочува Багби.
Продажбата на ЕВ на БМВ во септември се зголеми за преку 30 проценти, откако купувачите поитаа кон дилерите, пред да завршат субвенциите.
БМВ влезе во 4-от квартал со снабденост од ЕВ за 28 денови, што е значително помала залиха во споредба со 65 денови во средината на годината.
„Во моментов имаме добар баланс во снабдувањето,“ вели Багби.
Продажбата на Лексус во третото тромесечје достигна 91.609 возила, што е за 13% повеќе од лани. Дилерите на Лексус, со само еден ЕВ во понуда, ја продаваа својата залиха за 22 денови, што е најбрзо од сите луксузни марки, според Едмундс.
Продажбата на Лексус во третиот квартал достигна 91.609 возила или за 13 проценти повеќе во споредба со лани.
Шон Домраки, потпретседател на Лексус за продажба и дилерска мрежа, кажа дека продажбата на марката во САД е на пат за годинава да достигне околу 355.000 возила.
Тој ја гледа главната заслуга во два модели: Новото годиште на СУВ-моделот од средна класа Г Икс и на големиот кросовер со три реда седишта Т Икс. За девет месеци, продажбата на Г Икс пораснала 35 проценти, на 28.244 возила, додека продажбата на Т Икс се зголемила 86 проценти, на 39.546 возила.
Домраки цени дека овие модели помагаат Лексус да привлече нови купувачи и да ги задржи постоечките.
„Околу 70 проценти од тие клиенти се нови во марката или се префрлуваат од големоволуменските марки, избирајќи луксузен СУВ со три реда седишпта,“ вели тој.
Продажбата на Мерцедес опаднала и покрај подобрените залихи
Мерцедес-Бенц, некогашен лидер во продажбата на луксузни возила, сега е на третото место.
Во третото тромесечје, продажбата во САД опаднала за 13 проценти, на 73.500 возила.
Директорот за продажба на Мерцедес-Бенц во САД, Барт Херинг, цени дека падот годинава се должи на тоа што лани продажбата била зголемена значително.
Во 2024 година значително забрза продажбата во второто полугодие, поради подобреното снабдување со ГЛЦ и со неколку модели од основната понуда.
За девет месеци, Мерцедес-Бенц сепак ја зголеми продажбата за 6 проценти, со 223.800 возила, што ја става марката на добар пат за годинава да го надмине ланскиот резултат од 302.000 продадени возила.
Продажбата на луксузни возила во САД порасна 4,5 проценти во третото тромесечје
Целиот пазар на луксузни возила во САД порасна 4,5 проценти во треторо тромесечје, додека целиот пазар напредуваше за 5,6 проценти.
Луксузните марки заедно постигнаа продажба на 518.353 возила:
- Ауди има само мали промени во продажбата, со 46.758 возила.
- Кадилак е блиску со 46.525 возила, што е најдобро трето тромесечје во историјата на марката. Со зголемена понуда од ЕВ-модели, продажбата порасна 25 проценти.
- Волво имаше пад од 8,8 проценти со 26.021 возила и продажба на приклучни и хибриди и ЕВ намалена за 24 проценти. Последниве возила учествуваат со третина во вкупната продажба на марката. На целосно електричните модели им припаѓаат 12% од продажбата на Волво во САД, што е за 71% повеќе во споредба со лани. Два модели се заслужни за тоа, Е Икс 30 и Е Икс 90.
- Џенезис напредуваше 6,7% и продаде 21.469 возила.
- Инфинити паѓа седми квартал во низа, со минус 9,6% и продадени 13.151 возило.
- Порше втор квартал по ред има пад во продажбата, со -4,9% и 18.403 возила.















