Порше ќе назначи за нов шеф поранешен директор од Ферари и Мекларен

Порше соопшти дека отпочнале разговорите со Михаел Лајтерс, за овој поранешен извршен директор во Мекларен Аутомотив да биде назначен за нов шеф, на местото на Оливер Блуме.

Михаел Лајтерс имаше највисоки раководни места во Ферари и Мекларен Аутомотив. Неговото следно место веројатно е извршен директор на Порше. (Слика: Мекларен Аутомотив)

Лајтерс во април го напушти своето работно место во Мекларен. Тој во 2022 година презеде одговорност за британскиот производител на суперспортски автомобили и заслужен е за лансирањето на модели како 750С или купето Артура. Пред да стане извршен директор во Мекларен, Лајтерс беше главен инженер во Ферари.

Роден во Германија, Лајтерс (54) мина 13 години во Порше до 2013 година, работејќи на повеќе позиции, меѓу другото и како проект менаџер за Кајен.

Блуме ќе го задржи местото на извршен директор на целиот концерн Фолксваген, на којшто му припаѓа Порше, соопшти германскиот производител на 17-ти октомври.

Оливер Блуме (57), раководеше со Порше од 2015 година. Тој дополнително ја презеде функцијата на извршен директор на концернот Фолксваген во 2022 година. Инвеститорите почнаа да негодуваат за слабите резултати од бизнисот на Порше, посебно на пазарот во Кина, што го стави Блуме под притисок да се повлече од својата двојна улога на извршен директор, на концернот Фолксваген и на марката Порше.

Порше за само две години се претвори од фабрика за пари, во критичен случај, првенствено поради слабеењето на пазарот на луксузни автомобили во Кина за станските производители, како и поради повишените царини за извоз на автомобили во САД.

Видеото од тестот на Мини Купер во Аутомедиа

Германскиот проиводител на 19-ти септември излезе со предупредување до берзата дека нема да ги постигне поставените цели за профитот, односно дека заработката по автомобил годинава ќе се сведе најмногу на 2 проценти, откако компанијата ја откажа стратегијата за електрични автомобили, што донесе нов трошок од 1,8 милијарда евра.

Претходна објаваЦвета бизнисот со моторите на Рено-Џили откако забавија електричните
Следна објаваБМВ го престигна Лексус како најпродавана луксузна марка во САД

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here