Највредни автомобилски марки: Тесла паѓа, Би Уај Ди првпат во Топ 100

Вредноста на марката Тесла годинава опадна за 35 проценти, на 29,5 милијарди долари, според Интербренд. Кинескиот Би Уај Ди првпат е во Топ 100.

Би Уај Ди на салонот ИАА во Минхен во септември

Тесла годинава се најде на 25-то место во извештајот на Интербренд за највредните марки во светот. Производителот од САД се соочи со силна конкуренција во Кина, вклучувајќи го Би Уај Ди, но и во Европа и САД. Покрај тоа, извршниот директор Илон Маск беше цел на протести, поради неговата поддршка на крајно десничарските партии и лидери.

Вредноста на Би Уај Ди порасна на 8,1 милијарди долари, процени Интербренд. Прозводителот на автомобили почна да се шири надвор од домашниот пазар, посебно во Европа, каде што годинава е 2-ра најпродвана кинеска марка по МГ.

„Би Уај Ди го имаше најсилниот пробив на автомобилскиот пазар, по доаѓањето на Тесла на сцената,“ порача во соопштението за јавност Манфреди Рика, главен офицер за стратегија во Интербренд. „Производот е од светска класа, и постигна голем напредок на европскиот пазар, додека се шири надвор од азиската база.“

„Би Уај Ди сепак мораат да се внимателни,“ предупредува Рика. „Овој раст не може да се одржи без да се вложува во градењето на наративот на марката.“

Интербренд ја оценува вредноста на марките раководејќи се според финансиските перформанси од производите и услугите на одделни марки, потоа според влијанието на марките при изборот на производ или услуга, како и конкурентноста на марката.

Епл е на врвот со проценети 470,9 милијарди долари, следат Мајкрософт, Амазон и Гугл.

Голем број автомобилски марки се изборија за повисоко место. Ферари напредуваше за 17 проценти и се цени на 15,4 милијарди долари, на 54-то место. Интербренд образложува дека тој напредок е постигнат преку влезот во модата, приборот и лиценцирањето.

Тојота е највредна автомобилска марка, на 6-то место, Мерцедес-Бенц следи на 10-то место, БМВ е на 14-то

Автомобилска марка со највисока вредност е Тојота, на 6-то место, по неа следат Мерцедес-Бенц на 10-то и БМВ на 14-то место. Од останатите марки, Хонда е на 29-то место, Хјундаи место подолу, Ауди е 52-ра марка, Фолксваген е на 56-то, едно место пред Порше.

Шаоми, кинески производител на потрошувачка електроника и телефони, неодамна започна со производство на автомобили и се најде на 81-то место, со вредност од 9,5 милијарди долари.

Видеото од тестот на Мини Купер во Аутомедиа

Нвидиа, испорачател на чипови и дигитални производи за автомобилските компании, постигна најголем раст во вредноста во историјата на извештајот, напоменуваат Интербренд, со скок од 116 проценти и вредност од 43,2 милијарди долари, на 15-то место.

Нисан е 82-ри, Киа е 89-та и Рејнџ Ровер е на 97-то место.

Форд, Џенерал Моторс и Стелантис не се во Топ 100.

Претходна објаваМерцедес-Бенц ги соединува сјајот од минатото и најнапредната технологија во најновиот Вижн
Следна објаваЦвета бизнисот со моторите на Рено-Џили откако забавија електричните

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here