Мерцедес-Бенц ги соединува сјајот од минатото и најнапредната технологија во најновиот Вижн

Мерцедес-Бенц се осврнува кон минатото и ја замислува иднината, со својот најнов концептен автомобил, во којшто внесува сјај од минатото.

Вижн Ајконик е лакиран во црна боја што оддава длабочина и полирана е до висок сјај.

Со долгата и заоблена хауба, и со исправената маска, Вижн Ајконик ѝ оддава чест на златната ера на автомобилскиот дизајн, а тоа се бурните 1920-ти. На тоа додава елементи од прочуените модели на Мерцедес од 1960-те, на 600 Пулман и на спортскиот 300 СЛ.

Горден Вагенер, главен дизајнер на Мерцедес-Бенц, го опишува Вижн Ајконик како „скултура во движење“ и вели дека таа „во исто време е омаж на дизајнерското наследство на марката од 1930-те години и наговестување на правецот во којшто се движи стилот на Мерцедес.“

Концептот јасно го насочува вниманието кон едно од најпрепознатливите обелележја во автомобилскиот дизајн, тоа е маската на Мерцедес-Бенц.

Најновиот стил на маската, што беше воведен со премиерата на новата генерација на ГЛЦ на салонот ИАА во Минхен во септември, има за цел да побуди емоции и интелигентно размислување, овозможувајќи Мерцедес-Бенц „да се издвои во морето од едноличност,“ порачаа од компанијата.

Главната улога во внатрешноста ја има заоблената стаклена површина што се издвојува од арматурната табла. Германците го нарекоа овој дизајн „цепелин“, поради формата. Според Мерцедес-Бенц, таблата е „хипераналогна“ и соединува класични физички копчиња и сокриени екрани.

Еден од четирите инструменти, што е со форма на логото на Мерцедес-Бенц, служи како придружник со ВИ. Синото кадифе на седиштата и бронзените детали потсетуваат на хотелските и аеродромски салони.

Автомобилот е прослава на опулентноста на арт деко стилот, но главната задача му е да ја прикаже безбедноста и иднината на автомобилскиот транспорт.

Возилото изобилува со напредна и експериментална технологија, какви што се соларните модули со фунција да го продолжат досегот при возење на струја, или неуроморфната обработка на податоци со цел да се унапреди роботското возење, како и управувањето „преку жица“.

Вижн Ајконик го толкува дизајнот на прочуената маска на Мерцедес-Бенц

Мерцедес-Бенц соопшти дека истражува со иновативни соларни модули, што би можеле да се вградат во каросеријата на електричните возила. Овие соларни ќелии, што се мошне тенки, постојано ќе произведуваат енергија, посебно кога возилото е паркирано.

Неуроморфната обработка на податоци е подрачје што бележи голем напредок и го имитира начинот на којшто дејствува човечкиот мозок. Кога оваа технологија што се базира на ВИ ќе почне да се применува, возилата подобро ќе ги распознаваат сообраќајните знаци, ќе ги следат лентите и останатите учесници во сообраќајот, работејќи побрзо, дури и во услови на слаба видливост.

„Вижн Ајконик е отелотворение на нашата визија на иднината на мобилноста,“ вели Маркус Шефер, главен инженер во Мерцедес-Бенц. „Со иновации што се нови од темел, како неуроморфно процесирање, управување преку жица, соларна боја и автоматско возење од Ниво 4… поставуваме нови мерила за електричната и дигиталната ера.“

Главното внимание во внатрешноста на концептот му припаѓа на хипер аналогниот кокпит со сокриени екрани и со седишта со сино кадифе, со бронзени детали

Претходна објаваПолицијата во Германија вози Шкода, пожарникарите исто така
Следна објаваНајвредни автомобилски марки: Тесла паѓа, Би Уај Ди првпат во Топ 100

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here