Уште еден круг смени во Стелантис: Филоса ги тргна директорите од поранешниот ПСА

Со последниот круг смени во управата на Стелантис се стави крај на раководството од ПСА во концернот.

Емануел Капелано (прв од лево) досега раководеше со бизнисот во Јужна Америка, новата одговорност му е шеф на концернот Стелантис за Европа.

Извршниот директор Антонио Филоса го смени раководството од корен и им препушта доверба на бројни соработници што добро му се познати од неговиот круг на работење. Раководниот тим сега брои само 15 членови, додека во времето на претходникот на Филоса, Португалецот Карлос Тавареш, тој броеше 30 лица.

Целиот овој бран на смени доведе до слабеење на раководството, коешто Тавареш го постави по спојувањето на групацијата ПСА и Фиат Крајслер во концернот Стелантис.

Арно Дибаф, Жан Филип Импарато и Филип де Ровира се трите преостанати директори од ПСА, коишто ги напуштаат своите фотелји.

На досегашниот шеф за Европа Импарато му останува само да директорува со Масерати

Меѓу главните смени е назначувањето на шефот за Јужна Америка, Емануел Капелано, за нов шеф за поширокиот регион на Европа.

Со овој потег, Филоса го премести оперативниот шеф за Европа, Жан Филип Импарато, на позиција со далеку послабо влијание. Тој беше привремен извршен директор на Стелантис и во иднина ќе се грижи повторно за марката Масерати, а воедно ќе раководи и со директната продажба кон клиентите.

Поранешен директор од Мерцедес ќе се грижи за производството

Франческо Чанчиа, поранешен директор на Фиат Крајслер Аутомбилс и досегашен оперативен шеф на Мерцедес-Бенц Ванс, добива место на глобален директор за производство. Тој го наследува Арно Дибаф, кој си заминува од Стелантис. Меѓу задачите на Чанчиа во времето на Фиат Крајслер беше раководење со производството во Јужна Америка, и тој оттаму се познава со новиот извршен директор Филоса.

Чанчиа сега ќе раководи и со фабриките на Опел во Риселсхајм и Ајзенах. Тој во Мерцедес изврши трансформација на производствената мрежа за доставните возила.

Филоса цени дека клучот за успехот на Стелантис лежи во производството

Филоса коментираше за назначувањето на Италијанецот: „Многу се радувам што можам да му посакам повторно добредојде на Франческо во нашите редови и како член на нашите раководствени тимови. Неговата нова улога како директор на глобалното производство ќе биде решавачка за нашиот иден успех.“

Чанчиа го чека темелно преструктурирање на производствената мрежа. Повеќе фабрики на концернот работат далеку под капацитетот. Кон завршетокот на септември, Стелантис привремено го запре производството во фабриките во Поаси, Франција, и во Помиљано, Италија, поради слабата побарувачка. Во Поаси меѓу другото се произведува и Опел Мока.

Уште две смени за целосно нов тим

Со новите назначувања на двете важни позиции за производство и за Европа, доаѓаат уште две смени. Херландер Зола доаѓа на местото на Капелано во Јужна Америка. Тој досега беше шеф за Бразил.

Самир Черфан, раководите за регионот на Блискиот Исток и Африка, како и за подрачјето на микромобилноста (Ситроен Ами, Фиат Тополино, Опел Рокс) преоѓа во поширокиот раководен тим.

Грегоар Оливие, директор за стратегијата за Кина, станува директор за Кина и за Азија и Пацификот, и исто така станува член на поширокото раководство. Досегашниот регионален раководител Филип де Ровира си заминува од Стелантис.

Ралф Жил, раководител со глобалниот дизајн, исто така преоѓа во раководниот тим.

Претходна објаваГерманското индустриско производство во пад поради слабеењето на автомобилската бранша
Следна објаваЗошто Мерцедес-Бенц, БМВ и Ауди продолжуваат да нудат дизел мотори

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here