
Во преговорите се разгледуваат планови за Колумбија и Аргентина. Кинески Чери ќе добие пристап во некоја од тамошните фабрики на Рено, а за возврат ќе вложи во фабриките на француската групација и ќе помогне при развојот на возила, кажуваат лица што сакаат да останат анонимни, поради приватноста на разговорите.
Кинескиот производител би можел да ја користи фабриката на Рено во Енвигадо, Колумбија, каде што ќе произведува модели со мотор со внатрешно согорување. Поголемиот дел од продукцијата на возила ќе добие знак на марката Рено, додека останатите возила ќе бидат пуштени на пазарот како модели на Чери.
Во фабриката на Рено во Кордоба, Аргентина, Чери планира да вложи во производство на пикап со хибриден погон. Рено ќе биде главен дистрибутер на тие возила. Преговорите уште се во тек и неизвесно е дали ќе се постигне договор.
Од Рено и Чери не излегоа со коментар на барање на Блумберг.
Партнерството на Рено со Џили продолжува без промени
Рено влегува во партнерства со цел да ги смали трошоците, додека во исто време напаѓа на пазарите што се во раст. Во Бразил, Рено соработува со кинескиот Џили во производство и продажба на електрични возила и возила со друг вид погон со ниска емисија.
Партнерството со Чери нема да влијае врз проектите со Џили. Заинтересираноста на Чери се зголеми откако компанијата во минатата недела имаше успешен старт на берзата во Хонгконг.
Преговорите почнале уште во времето на поранешниот. Неговиот наследник, Франсоа Прово, има повеќе резервиран пристап во трошењето од Де Мео, кој го поддржа вложувањето на пазарите во Јужна Америка, додаваат изворите.
Според последните преговори, Чери се подготвени за целосно да ги покријат проектите со финансии.
Чери е најголем извозник на автомобили од Кина уште од 2003 година, според Фрост енд Саливен. Производителот има искуство во работата со комапнии од Западот. Чери ги произведува моделите на Џагјуар и Ланд Ровер за кинескиот пазар и има планови да го зајакне извозот, поради силната конкуренција на домашниот пазар.
Понудата од модели на Чери содржи голем удел од бензински модели со достапна цена, што одговараат за пазари во развој.















