Електричните автомобили на Стелантис и Рено од Кина поевтини од велосипед со новите субвенции во Италија

Со субвенциите во Италија, Дачиа Спринг ќе чини 3.900 евра, додека Липомотор Т03 ќе се продава за 4.900 евра. Целна група се семејства со ниски примања во големи градови, до јуни в година се предвидуваат 60.000 продажби на електрични автомобили.

Дачиа Спринг со новите субвенции за посебна група купувачи во Италија ќе чини под 4.000 евра.

Електричниот автомобил на Липмотор, кинеската марка на концернот Стелантис, и Дачиа Спринг, што групацијата Рено ја произведува во Кина, на купувачите во Италија ќе им бидат понудени по цена пониска отколку за скап велосипед.

Со помош на владините субвенции, цената на електричното градско мини Дачиа Спринг се намалува од 17.900 евра на 3.900 евра. Липмотор го рекламира својот електричен градски автомобил со цена од 4.900 евра, место редовните 18.900 евра.

Двата автомобили, што се произведуват во Кина и оттаму се извезуваат во Европа, ќе бидат вклучени во програмата за замена на старо со ново, којашто има за цел автомобили со штетна емисија, постари од 10 години, да се заменат со нов електричен автомобил. Програмата ќе започне уште во октомври.

Липмотор го промовира Т03, пред почетокот на програмата старо за ново, со реклами во коишто се наведува цена од 4.900 евра и стои текст „помалку отколку што сте платиле за својот велосипед.“ Таа цена е постигната, благодарение на попустот од 3.000 евра што го одобрува Липмотор за Т03, чијашто редовна цена изнесува 18.900 евра, на што следат уште 11.000 евра од државната помош за замена на стар со нов електричен автомобил.

Дачиа Спринг во ценовникот за Италија чини 17.900 евра, на што следат 3.000 евра попуст од производителот и уште 11.000 евра од државата, така што на крајот се доаѓа до цена од само 3.900 евра.

Останатите производители на автомобили уште се немаат приклучено на овие екстремни попусти. Најблиску до цената на Спринг и Т03 е електричниот Фиат 500е. Италијанскиот производител го нуди моделот што се прозиведува во Торино по цена од 9.950 евра, место редовните 23.900 евра, меѓутоа услов е да се потпише кредит со висока камата од 12,9 проценти.

Италијанската влада ја објави програмата за помош при купување електричен автомобил, што чини 597 милиони евра. Целта е да се поттикне продажбата на електрични возила на еден од најслабите пазари за ЕВ во Европа. Уделот на електричните авотмобили во продажбата во Италија изнесува 5,2 проценти до август. Наспроти тоа, просечниот удел на електричните автомобили во продажбата во ЕУ во истиот период изнесува 15,8 проценти.

Липмотор Т03

Липмотор нагласува дека Т03 чини помалку од велосипед

Услов за купувачите да ја користат програмата е да се рредаде во отпад стариот автомобил со емисија според нормата Еуро 5 или пониска – што е стапена на сила во 2011 година – и регистриран е најдоцна до август 2015 година.

Субвенциите се наменети за семејства со примања до 30.000 евра годишно, што живеат во градови со повеќе од 50.000 жители. Семества со годишен приход до 40.000 евра, можат да користат субвенција во висина од 9.000 евра.

Буџетот од 597 милиони евра веројатно нема да биде искористен целосно до завршеткот на програмата во јуни в година, поради ниската граница на приходи и ограничената променливост по градови, порача директор од компанија што не произведува во Кина и побара да остане анонимен.

Според пресметките на Аутомотив Њуз Европа, програмата може да поттикне продажбата на електрични авоитмобили да се зголеми за 60.000 електрични возила.

Претходна објаваКанада доби фабрика за батерии за електрични автомобили вредна 5 милијарди долари
Следна објаваПазарот на малечки електрични автомобили порасна за 128 проценти

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here