
ИБИС (Интелиџент Батери Интегрејтед Систем) е развиена во соработка со Сафт, огранок на Тотал Енергис. Таа е прва од овој вид, овозможува заштеда во тежина и простор и поедноставна е за поправки.
Новиот систем постигнува за 10 проценти повисока ефикасност во споредба со електричен автомобил со батерија со иста големина. Времетраењето на полнењето се скусува за еден час.
Отсуството на модели со достапна цена и бавното полнење се меѓу најголемите пречки за електричните автомобили да бидат прифатени пошироко.
Порше исто така работи на концепт на „модуларен повеќестепен инвертер“, во којшто неколку електронски компоненти што инаку се посебни, тука се соединети во иста единица.
Новата батерија ИБИС во моментов се тестира во јавен сообраќај во Пежо е-3008.
„Ова достигнување е голем чекор напред во електрификација на мобилни и стационарни единици за акумулирање енергија,“ се наведува во соопштението од Стелантис.
Според производителот, можно е оваа техологија да почне да се вградува во возила од сериско производство до завршетокот на деценијата.
Сегашните електрични автомобили поседуваат инвертер, во којшто еднонасочната струја од батеријата се претвора во наизменична струја за напојување на електромоторот. При полнење, наизменичната струја од мрежата се претвора во еднонасочна струја за батеријата да се наполни.
Со електричен Рено 5 по делница од автопатот Кичево-Охрид
Стелантис наведе дека овие функции во ИБИС се вградени директно во самата батерија, со примена на електронска контрола преку 200 транзистори. Со тоа, тежината се смалува до 40 килограми, се ослободува простор и времетраењето на полнењето се скусува за 15 проценти.















