Рено може да се одбрани од кинеската закана, верува новиот шеф Франсоа Прово

Рено ќе се избори против растечката кинеска конкуренција, преку комбинација од добар дизајн, производи што побудуваат емоции, подобри услуги за клиентите и повисок квалитет, кажа извршниот директор Франсоа Прово.

Извршниот директор на групацијата Рено, Франсоа Прово (прв од лево) и неговиот тим, на премиерата на Цлио во Минхен.

„Нашите кинески конуренти се супер-ефикасни во трошоците и технологиите, но нашата цел е да направиме чекор напед и да постигнеме иста конкурентност,“ изјави Прово за Аутомотив Њуз Европа при премиерата на Клио во Минхен, на 8-ми септември.

Дебито на Клио беше прво појавување на Прово во функција на извршен директор, на местото на Лука де Мео, кој си замина од Рено во средината на јули и понатаму ќе раководи со Керинг, холдинг на луксузни марки, меѓу кои и Гучи.

Шестата генерација на Клио се одликува со впечатлив изглед, откако преоѓањето од 4-та во петтата генерација повеќе беше еволуција во изгледот. Клио со тоа отстапува од дизајнерскиот јазик кај тековните модели на Рено. Производителот цени дека неговиот најпродаван модел на тој начин ќе се издвојува повеќе од конкуренцијата.

Новото Клио го поседува истиот инфо-забавен систем ОпенР Линк од Гугл, како во поголемите модели на Рено, што на моделот му дава „единствено корисничко искуство“, вели Прово.

Кинеските производители веќе се движат во насока да ја прекинат доминацијата на европските компании кај помалите автомобили, каде што во моментов владеат Тојота Јарис и постоечкиот Клио.

Како големоволуменски производител, Рено е посебно чувствителен на нападот од кинеските марки со подостапни цени, како Би Уај Ди и МГ. Кинеските марки во јули освоија 5,3 проценти од пазарот, незначително помалку од јуни, кога постигнаа рекордни 5,5 проценти.

Зборувајќи пред новинарите во Минхен, Прово вети дека ќе ја продолжи работата на де Мео, кој помогна групацијата Рено од рекордна загуба во 2020 година да постигне рекордна добивка во 2024 година.

„Мојата работа е да продолжам со стратегијата Ренолушн, да поставам одржлив план, да бидам поагилен и пофлексибилен околу неизвесноста што нé очекува,“ изјави Прово пред новинарите на настанот во Минхен.

Прово ќе го објави новиот стратешки план, веројатно под името Футурама, во првата половина од 2026 година.

Рено за првото полугодие пријави загуба од 11,2 милијарди евра, по одбивањето на вредноста на своите акции во проблематичниот Нисан. Тоа укажува на предизвикот со којшто се соочува Прово, по одличните успеси на де Мео.

Прово ја поддржува желбата на Мео да се олабават ограничувањата на Европа како главен пазар на Рено, што направија цените да станат превисоки за широк круг купувачи.

Прово им се приклучи на директорите на Стелантис во барањето ЕУ да воведе нова категорија за малечки автомобили

„Имаме цунами од закони“, вели Прово. Со посебна регулатива на ЕУ за малечки автомобили ќе се намалат цените и ќе се поттикне забавената продажба на нови автомобили, кажа шефот. „Врз таа основа, извесно е дека ТИВ (тотален индустриски волумен“ ќе се качи,“ посочува Прово.

Претседателот на Стелантис, Џон Елкан и шефот на Стелантис за Европа, Жан Филип Импарато, исто така испратија повик за воведување нови правила, со коишто ќе се поттикнат подостапните малечки автомобили, веројатно по пример на јапонските микро-автомобили.

Прово укажува дека засилувањето на продажбата на малечки автомобили ќе го забави стареењето, а секако и загадувањето на воздухот од сé постарот возен парк во Европа. „Тоа би било огромна промена,“ вели шефот. „Кога ќе замените Клио старо 15 години со ново Клио, добивате за 95 проценти пониска емисија.“

Шестата генерација на Клио го поседува усовршениот хибриден погон на Рено, што се базира врз 1,8-литарец и првпат беше вграден во Дачиа Бигстер годинава. Моќноста се зголеми од 145 на 160 КС, додека емисијата на ЦО2 падна од 95 на 89 грами на километар.

Клио е најпродаван модел во Европа во првите седум месеци, по Дачиа Сандеро, со продадени 137.969 возила, што претставува раст од 6,4 проиценти.

Претходна објаваФортинг на ИАА Минхен со електричен СУВ со генератор за екстра досег
Следна објаваФон дер Лајен ги поддржува барањата на производителите за нова категорија автомобили со подостапни цени

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here