Донгфенг со 115 возила учествуваше на воената парада во Пекинг

Тим од 42 техничари работеше 100 денови без престан, за да обезбедат беспрекорно фунционирање на возилата на Донгфенг за време на воената парада за Денот на победата.

Копнената воена формација ја предводеа 25 Донгфенг Вориори

Седми пат корпорацијата Донгфенг Мотор со своите возила учествуваше на воената парада на Тјенанмен. Од 1984 до 2025 година, на овој настан што се следи во светски размери, учествувале вкупно 750 воени возила на Донгфенг. Многу средства и многу труд беше вложен од страна на производителот, за да се гарантира дека воените возила безгрешно ќе продефилираат пред Претседателот и пред светот.

За големата прослава во чест на 80 години од победата над јапонската агресија и од Втората светска војна, Донгфенг Мотор повторно имаше чест да биде дел од парадата.

Кинеската корпорација е меѓу трите најголеми производители на автомобили што е во сопственост на кинеската држава и на македонскиот пазар е мошне присутна со своите патнички автомобили, Фортинг Т5 Ево, Глори 500 и 580, како и со лимузината Еолус Шајн.

Но, на 3-ти септември, на Денот на Победата, Донгфенг можеше да се води во сосем друго светло.

Сите возила на Донгфенг Мотор на парадата се развиени самостојно и произведени се целосно во фабриките на корпорацијата во Кина.

Посебна чест беше тоа што 25 возила Донгфенг Вориор ја предводеа копнената воена формација. Првите пет возила го истакнуваа знамето на Први август, денот на основањето на Народната Ослободителна Армија, додека останатите Вориори во четирите колони назад го прикажуваа почесниот грб на единиците за борба против Јапонија.

Од вкупно 115 возила на Донгфенг ангажирани за големиот празник, 80 воени возила се појавија на парадата. Покрај 25-те знаменосци, останатите Донфгенг Вориор имаа задача на „бранители“, со 24 артилериски возила за одбрана од напади со дронови, со опрема против сајбер-напади и командни центри, како и за батаљонска логистичка поддршка. На тоа следеа уште 40 тактички возила.

Во меѓувреме, тоа што е најново од Донгфенг на македонската сцена изгледа мошне цивилно

Претходна објаваРено разви генератор што го продолжува досегот на електричните автомобили, голем е колку актовка
Следна објаваМерцедес ГЛЦ по салонот ИАА ќе почне да вози на струја, само како дополнителна изведба

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here