
- Ауди размислува за изградба на фабрика во САД, одлуката се очекува во текот на годинава.
- Можно е Ауди двојно да ја зголеми продажбата во САД, поаѓајќи од сегашните 200.000 возила годишно
- Царините во САД ќе го чинат Ауди околу 600 милиони евра во првото полугодие
Достигнувањето на таа цел би претставувало нов рекорд на годишната продажба на Ауди и бара примена на поагресивен настап на пазарот, откако продажбата опадна во изминатите неколку години, што беа проблематични за целата бранша.
Ауди беше главоболка на концернот Фолксваген, откако се соочи со доцнење на почетокот на продажбата на новата генерација на важни модели. Покрај тоа, се зголеми и технолошкиот заостаток зад соперниците, за на крајот да притиснат и царините во САД, поради коишто компанијата мораше да ги смени своите прогнози за годинава.
Под раководство на извршниот директор Гернот Делнер, кој ја презеде функцијата во 2023 година, Ауди во моментов ја менува својата стратегија. Подоцна во текот на годинава се очекува шефот да ги објави новите планови за подолг временски период.
Изворот не посочи година во којашто би требало да се постигне продажба од 2 милиони возила на годишно.
За 2025 година, Ауди цели на продажба меѓу 1,7 и 1,8 милион возила, откако продажбата во минатата година доживеа пад од 12 проценти, со 1,67 милион возила.
Ауди предвидува двојно да ја зголеми својата продажба во САД
Оптимистичките планови на подолг рок се потпираат на големите очекувања за пазарот во САД – коишто се втор најголем автомобилски пазар во светот, по Кина – каде што Ауди очекува да ја зголеми продажбата за близу двојно, од околу 200.000 возила што во моментов ги продава годишно во САД, наведува изворот.
Од Ауди не излегоа со коментар.
Ауди заостанува зад своите соперници на пазарот во САД и оди на картата дека марката може да ги достигне, и покрај болната царинска стапка од 27,5 проценти, што го чинеше Ауди близу 600 милиони евра само во првото полугодие.
Исто како Порше, Ауди не поседува фабрика во САД, меѓутоа компанијата веќе подолго време размислува околу изградбата и одлуката се очекува да биде донесена во текот на годинава.
Делнер претходно соопшти дека фабриката во САД би служела и како извозен центар, слично на големите фабрики што Мерцедес-Бенц и БМВ ги имаат во земјата.
Постојат два избори, едниот е да се гради посебна фабрика за Ауди, другиот е да се користи некоја од постоечките фабрики на Фолксваген во САД.
Брисел во минатата седмица започна со правна постапка со цел да се снижат царините за производи од САД, што е услов за Вашингтон ретроактивно да ги скуси царините за увоз на автомобили од ЕУ на 15 проценти, почнувајќи од 1-ви август. Постапката уште е во тек.















