Четворката на Ситроен во новото моделско годиште доаѓа со повеќе отмена појава и со изработка што го подигнува компактниот кросовер на повисоко рамниште во споредба со претходниот модел.
Покрај промените во изгледот, Ц4 доби и освежување во погонските единици. Основната моделска изведба сега вози со 1,2-литарски ПјурТек со 101 КС, којшто работи во комбинација со електромотор од 21 КС, што е вграден во звоното на 6-степениот автоматски менувач со двојна спојка. Како што повеќепати е спомнувано во тестовите на моделите на Стелантис со овој вид погон, ваквото изведување на хибридниот погон дозволува Ц4 да појде чисто на струја, па доколку одговараат условите и да мине неколку стотини метри со електричен погон. Понатаму, при секое забавување и сопирање, батеријата полека се дополнува.
Будејќи станува збор за унапредување од два степени во споредба со основната моделска изведба кај претходниот Ц4 – од една страна со автоматскиот менувач со двојна спојка, од друга со електромоторот и со благиот хибриден погон што тој го овозможува – соодветно се смени и цената. Компактот на француската марка сега почнува од 24.990 евра, вклучувајќи 2.000 евра промотивен попуст од редовната цена од 26.990 евра.
За илјада евра над тоа следи изведбата со системски 145 КС, во којашто се користи изведбата на 1,2 ПјурТек со 136 КС и вртежен момент од 230 њутнметри (205 кај изведбата со 101 К), што исто така работи заедно со електромотор од 21 КС и 51 њутнметри, во ѕвоното на менувачот. Посебности на овој мотор се турбината со променлива геометрија и замената на ременот за разводниот механизам на вентилите со верига.
Третата погонска изведба е класичен турбо-бензинец со 130 КС, комбиниран со класичен 8-степен автоматски менувач со претворач на вртежен, што исто така има добивано многу пофалби во тестовите на Аутомедиа. Оваа изведба чини исто колку верзијата со благ хибриден погон со 110 системски КС, меѓутоа е со едно ниво побогата опременост.
View this post on Instagram
На располагање се три нивоа на опрема со познатите имиња, Ју, Плус и Макс. Првото ниво е резервирано за двете верзии со благ хибриден погон, во повисоките нивоа се нудат Хибрид 145 и класичниот бензинец со 8-степен автоматик.
Секој модел на Ситроен двои меѓу другото во комфорот: Со комфорни седишта и со комфорно подвозје. Седиштата со дополнителна облога за уште покомфорно седење се достапни како опција во нивото Ју, додека во изведбите Плус и Макс се стандард. Затоа, пак, комфорното подвозје е стандард во целата гама на Ц4.
Тоа што исто така го поседува секој Ц4 се камера за сообраќајни знаци, што се покажува како мошне корисно помагало за почитување на брзината, електрична паркирна сопирачка, сензор за дожд, облога на волан со вештачка кожа, автоматски двозонски клима уред, дигитални инструменти од 5,5 инчи, средишен дисплеј од 10 инчи, паркинг сензори назад.
Ситроен Ц4 и Ц4 Икс на прво возење во Шпанија: Природен фејслифт
Нивото Плус чини 1.000 евра над Ју и дополнително поседува челични тркала од 18 место од 16 инчи (алу-тркала се опција за 300 евра), лакирани кваки, местење на возачкото седиште во слабинското подрачје, грејачи во предните седишта, комфорни седишта, собирање на ретровизорите и задна камера. Со доплата од 350 евра може да се избере покрив во црна боја.
Во луксузното ниво Макс, што е 2.500 евра над Ју, следат радарски темпомат, автоматско долго светло, дополнително затемнети задни стакла, тркала од лесен метал од 18 инчи, седишта обложени со луксузни материјали, приспособлив под на багажникот, потширач за рака назад со отвор за скии, фиока за таблет, пристап без клуч, навигација, предни паркинг сензори, дигитални инструменти од 7 инчи и предупредување за возило во мртов агол.
Во Макс може да се доплати за пакет Техно, со безжичен полнач, камери во 360 степени, проекциски дисплеј и магленки со странично насочување, по цена од 750 евра. Панорамски покрив исто така е ексклузивност на Макс (1.100 евра), исто како и алкантара на седиштата (1.100 евра).
Додека новиот Ц4 цели кон кругот на купувачи коишто или го имале овој или претходните модели во кругот на семејството, или самите го поседувале, и во новата верзија ги привлекува префинетоста во секој дел, местото што со цената го покриваше претходниот Ц4 сега го покрива Ц3 Еркрос. Побарувачката за СУВ-моделот на македонскиот пазар е огромна, можно е Екрос да се трка во бројот на продадени примероци со стандардниот Ц3, што до јули има постигнато 135 продажби.
















