Фиат во хотелите ширум Италија летово ги достави малечките Тополина, коишто може да се изнајмат преку онлајн-платформа.
Исто како што дизајнот и осмислувањето на моделите на Фиат секогаш се свежи и различни, така Италијанците се оригинални во маркетингот и во услугите. Топ-Хотел е најновиот „изум“ на Торино, а тоа е четирициклите на струја Фиат Тополино да бидат доставени до отмени хотели ширум Италија и оттаму да се преземаат, преку користење на мобилна апликација.
Фиат во соработка со еМоушн ја пушти услугата Топ-Хотел, којашто на гостите во некои од најугледните хотели ширум Италија им нуди можност да букираат Фиат Тополино.
Услугата ја овозможи еМоушн, компанија специјализирана за мобилност со електрични возила, којашто на избрани хотели им обезбеди услуга на „клуч во рака“, за гостите да можат да си изнајмат Фиат Тополино, во ден и во времетрање по желба, без ограничувања.
Електричниот четирицикл Тополино и досега е присутен масовно во возните паркови на хотели и ресорти, заедно со скутери или е-велосипеди.
Потегот е мошне привлечен, како за хотелите, така и за гостите, коишто едноставно добиваат уште една вредна услуга плус во своето првиремено престојувалиште. Дополнителна предност е тоа што Фиат Тополино е елеткричен.
Според вебсајтот на еМоушн,четири часа изнајмување Фиат Тополино чини 30 евра, зависно и од локацијата на хотелот.
Корисниците на услугата добиваат возило што е едноставно за возење и паркирање низ град, со должина од 2,53 метри, а секако е важно и тоа што седнуваат во симпатично автомобилче што е во духот на сменетата мобилност во завршетокот на првата четвртина од 21-от век.
Фиат не пропушта да додаде дека Тополино е достапен во две изведби со име Долчевита, што потекнува од времето на првиот Тополино, легендата од 1950-те и 1960-те години, токму од времето на италијанската Долчевита.
Досегот е 75 километри, внатре има место за двајца патници, прегледно е за возење со големите стакла, има и место за багаж, односно за улов од шопинг.
Тополино за шест месеци постигна преку 2.800 продажби во Италија и со тоа држи една третина од пазарот на четирицикли во земјата. Многу нешта се сменија со Тополино и со нему идентичните Ситроен Ами и Опел Рокс-е. Во 2022 година, две од три возила во сегментот на четирицикли беа бензинци, денес преку 70% имаат електричен погон.
Фиат Тополино во Охрид би било многу погодено.
















