Во внатрешноста на својот нов Ку 3, Инголштат прво ги издвојува двоецот дисплеи од 11,9 и 12,8 инчи, панорамскиот дисплеј, напредниот аудио систем Сонос, изборот од 30 бои за светлото во вратите, и главното, тоа што изгледа добро, да биде добро и прегледно за ракување.
Изгледот на новиот компактен СУВ со четири прстени го следи новиот стил што воведе големо освежување во марката, со бранот од нови генерации на Ауди А6 и А6 е-трон, Ку 6 е-трон, Ку 5 и А5. Во внатрешноста, новиот Ку 3 донесува поквалитетни материјали, интелигентни технологии и можност за осветлувањето и звуците да се нагодат по желба. Намерата беше да се поттикнат сите сетила.
За да се стекне уште поубедливо чувство за ширината на просторот, од вратите, долж целата арматурна табла, се протега еден појас, што ја нагласува хоризонталната ориентација на кокпитот.
Средишната конзола е изведена чисто и педантно, со многу простор за одлагање, а главната заслуга за тоа е преселувањето на бирачот за возење во рачка десно зад воланот. Ку 3 е прв Ауди со којшто програмите за возење се бираат на волан.
Тоа што Инголштат го нарекува дигитална бина се двата дисплеи под заеднички заоблен панел: Дигиталните инструменти се прикажуваат на 11,9 инчи, средишниот дисплеј е со пречник од 12,8 инчи и завртен е кон возачот. Со доплата се добива проекциски дисплеј.
Впуштени рачки за врата, усогласени и меки материјали, заедно со хромирани детали на прекинувачите, го заокружуваат доживувањето на изгледот, чувството при допир и комфорот.
Повеќе простор преку сменет начин на ракување
Ауди е погрижи за друштвените мрежи да најдат материјал за расправа околу рачките зад воланот во Ку 3. Тука не постојат класични рачки, туку сé се сведува на еден надолжен панел што е поставен зад воланот и малку е поширок од него, со дузина прекинувачи на него. Трепкачите, светлото и бришачите се вклучуваат преку малку пософистицирани прекинувачи од левата страна, додека десната страна е целосно резервирана за програмите за возење.
Идејата на Ауди била да се ослободи повеќе простор за предмети во средишната конзола и да се постигне подобро просторно чувство.
Под лизгачка покривка меѓу седиштата се наоѓаат безжичен полнач од 15 вати со ладење и два УСБ-Ц приклучоци. Назад има уште два такви приклучоци.
Игра со светлата заради расположение
Амбиенталното осветлување е изведено во два степени, едниот е Амбиент плус, другиот е Амбиент про. Посебни светлечки линии ги следат контурите на арматурната табла. Јохен Штумпф е главниот човек за осветлувањето и објаснува: „Работиме со оптички кабли, ЛЕД модули и дифузори. Оптичките кабли ја пренесуваат светлината, а дифузорот ја распределува, за во конзолата да се појави грациозна лента.“
Во вратите и под средишниот дисплеј се наоѓа индиректно амбиентално осветлување што внесува чувство на просторност. Нов детал што се вградува со доплата се облогите на вратите со заднинско осветлување што се пробива низ ситни отвори.
Штупф охбјаснува: „За да се постигне овој ефект, со ласери се изработени преку 300 ромбови со различна големина“. Може да се избира меѓу 30 бои.
Виртуелен сараунд звук
Со опција се вградува и премиум аудио систем Сонос, што виртуелно создава сараунд звук и нуди посебно доживување. Дванаесет звучници, вклучувајќи централен звучник и сабвуфер, со моќност од 420 вати, се грижат за моќен звук.
За тоа подрачје зборува Фолкер Земан, од маркетингот за производи: „Рефлектираните звуци што се создаваат намерно создаваат чувство на поголем простор. Благодарение на интелигентната обработка на звукот, сите патници во возилото уживаат во посебно нагоден збук за нивното седиште.“
Може да се избира меѓу четири профили на звук – неутрален, концерт, лаунџ и подкаст – и еден звук по свој вкус. Во уште едно ниво над тоа се добива поинтензивен бас, автоматска јачина на звук за секој извор и облагородување на компримирани музички записи.
Внатрешност согласно животната средина
За внатрешноста може да се избира меѓу девет пакети. Доколку се нарача дрво, тоа е дрво што расте брзо и е отпорно. Во верзиите со штоф со име Импресум, Пасаж, уни и Микрофасер се користи 100% рециклиран полиестер. Облогите на седиштата се од еден материјал, за нивното рециклирање да биде полесно по завршувањето на векот на автомобилот.
Велурните патосници се изработени од Еконил, материјал од најлонски влакна од рибарски мрежи.
Испораката на новиот Ауди Ку 3 во Германија почнува во октомври. Основната моделска изведба со 1,5 литарски бензинец и 150 КС таму чини 44.600 евра.
















