Новиот шеф на Џагјуар ги отфрла критиките на Трамп за ребрендирањето на марката

Трамп неделава упати критики кон традиционалниот британски производител, наведувајќи дека тој се наоѓал во „апсолутен неред“, откако во минатата година почна да се прикажува необичната рекламна кампања. Во видеото се прикажуваат светли бои и манекенки и манекени без израз на лицето, облечени како за на модна писта – но, во видеото нема возила. Џагјуар се откажа и од своето препознатливо лого со дивата мачка.

Производитлеот на автомобили не се откажува од новиот изглед, порача ПБ Балаџи, директорот за финансии на Тата Моторс Лтд, во чијашто сопственост е Џагјуар Ланд Ровер (ЈЛР). Од ноември, тој ја презема функцијата на извршен директор на ЈЛР.

„Ги составивме нашите планови, автомобилите се прикажуваат и добиваат возбудливи реакции од клиентите што во живо се среќаваат со возилата,“ изјави Балаџи на видео состанокот со новинарите во петокот. „Тоа ни е стратегијата.“

На прашање за забелешките од Трамп, Балаџи кажа дека постигнувањата на ЈЛР во светската автомобилска индустрија, што се наоѓа под силни предизвици, докажува дека компанијата е на вистинскиот пат. „Треба нашите бројки да ги споредите со тоа што го објавуваат останатите,“ кажа Индиецот.

Овие коментари на Балаџи се чини дека ги побиваат забелешките на Трамп, оти извршниот директор на ЈПР што е во заминување, Адријан Мардел, дал отказ поради ребрендирањето.

Џагјуар нема да произведува автомобили сé додека в година не биде целосно готова новата понуда од исклучиво електрични модели. Со неа се цели кон помлади купувачи и тоа е голема промена во споредба со досегашната целна група на средовечни мажи, на коишто автомобил Џагјуар им е статусен симбол.

Британскиот производител на автомобили лани во декември прикажа концептен автомобил на Неделата на дизајнот во Мајами. Џагјуар во иднина ќе продава помалку автомобили, по поскапи автомобили.

 

Реакциите од Трамп всушност се доказ колку беше делотворна кампањата за ребрендирањето на Џагјуар. Видеото привлече остри критики во десничарските кругови, посебно од лидерот на реформистичката партија Најџел Фараџ, кој кажа дека марката со овој потег „ризикува да банкротира.“ Дури и шефот на Тесла, Илон Маск, праша дали Џагјуар уште продава автомобили, бидејќи тие не се појавуваат во видеото.

ЈЛР претрпе штета од царините на Трамп, поради коишто се намалија испораките на луксузните возила во САД. Тоа го погоди и профитот на Тата Моторс, којшто во последното тромесечје имаше пад од две третини, соопшти индиската компанија во петокот.

Претходна објаваЏенерал Моторс ќе увезува батерии за електрични автомобили од кинески КАТЛ
Следна објава70 години: Пежо 403 со дизајн на Пининфарина, произведуван во 13 држави на 5 континенти

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here