Пежо со две нови нивоа на опременост, ставки од ексклузивни верзии со ценовна предност

Бизнис е новото ниво на опременост што е достапно низ целата гама на Пежо, од 208 до 5008, со вклучени неколку ставки што се стандард во врвно опремените верзии, но со цена поблиску до нивото Стајл. Втората новина е ГТ Ексклузив, каде што името кажува.

Со двете нови нивоа на опременост Бизнис и ГТ Ексклузив, Пежо излегува во пресрет на барањата на купувачите. Бизнис е дополнување на опременоста со ставки што го зголемуваат комфорот во возење, и како што упатува името, тоа се обично ставки што ги ценат возачите на службени автомобили, односно возачи што често патуваат.

Втората новина е нивото ГТ Ексклузив, со коешто Пежо го нуди најдоброто што го умее во дизајнот, во деталите и во технологијата. Бизнис и ГТ Ексклузив им се придружуваат на познатите нивоа Стајл, Алур и ГТ.

Пежо Бизнис за уште повисок комфор во возењето

Нивото Бизнис во моделите 208, 2008 и 308, го користи како основа нивото Стајл и стадардно вклучува задна камера, собирање на ретровизорите и инфо-забавен систем Пежо ај-Конект Адвансд. Тоа се трите ставки што Бизнис ги поседува дополнително од Стајл. Инфо-забавниот систем овозможува безжично поврзување со телефон, онлајн навигација Том Том и говорни команди ОК Пежо.

Кај моделите Пежо 408, 3008 и 5008, нивото Бизнис е базирано врз нивото Алур, но дополнително поседува Пежо ај-КОнект Адвансд, копчиња ај-тоглс што се програмираат за брз пристап до функции по избор (клима, контакти, радио станици итн) и безжичен полнач. Во двата СУВ-модели 3008 и 5008, стадардно следи и дисплејот Панорамик ај-Кокпит широк 21 инчи, со висока резолуција.

Нивото Бизнис е достапно со сите видови погон во гамата на 208, 2008, 308, 408, 3008 и 5008. Посебност кај верзиите со приклучен хибриден погон е сопствениот полнач од 7,4 кВ.

ГТ Ексклузив или најдоброто од Пежо

Исто така во целата гама од модели и со сите видови погон е достапно и врвното ниво ГТ Ексклузив, позиционирано над ГТ. Тука се нуди уште поубедлив стил и опременост во којашто не смее нешто да недостига. Во ексклузивното ниво се добиваат седишта во алкантара и врати обложени со отмениот материјал, електрично местење и греење за предните седишта (со масажа кај 308, 408, 3008 и 5008), безжичен полнач и најнапреден инфо-забавен систем. Покрај тоа, елеткричните модели поседуваат и топлинска пумпа, со којашто од една страна се добива повеќе комфор, од друга се продолжува досегот.

Претходна објаваПреживување во средина во којашто возачи мислат дека дента можеби нема излезено пешаци на улица
Следна објаваРејнџ Ровер Спорт стана дел од програмата за изработка по посебна нарачка

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here