
Големо олеснување за дилерите на Форд во Европа. Компанијата соопшти во вторникот дека нема да се откаже од Европа и ќе вложи во нови модели на патнички автомобили за регионот. Тоа им донесе нови надежи на дилерите на Форд, а секако и на вработените.
Директорот на Форд задолжен за Германија, Швајцарија и Австрија, Кристоф Хер, во вторникот им ја соопшти веста на дилерите во овие земји. Гласникот на германската автомобилска индустрија Аутомобилвохе, дозна повеќе детали од овие кругови.
Хер соопшти дека управниот одбор на Форд, под раководство на Бил Форд, во минатата недела ги поставил рамките за новите вложувања во Европа. Тој сепак не наведе за колкава сума станува збор, меѓутоа напомена дека се работи за долгорочна инвестиција што опфаќа неколку нови модели.
Според Хер, Форд „ќе вложи во неколку нови модели, од кои дел ќе бидат развиени заедно со партнерите и ќе се користат различни видови погон, вклучувајќи хибриди, но и целосно електрични модели“.
Јавноста ќе ги види првите нови модели на Форд во 2027 година.
Форд веројатно ќе ја продлабочи соработката со Фолксваген
Хер исто така не открива со кои партнери ќе се соработува во развојот на новите модели и од кои класи ќе бидат тие автомобили. Во браншата сепак се шпекулира подолгов реме, дека веројатно ќе се прошири соработката со Фолксваген.
Електричните модели Форд Експлорер и Капри ја користат платформата МЕБ на Фолксваген, односно истата платформа од ИД.3, ИД.4 и други модели. Се претпоставува дека идната елеткрична Форд Фиеста ќе биде конструирана врз истата платформа со идните модели ИД.1 и ИД.2 на Фолксваген. Основата ќе биде скусена платформа МЕБ.
Дилерите се надеваат на наследници на Фокус и Фиеста
Повеќето клиенти на Форд се откажаа од марката, откако во јули 2023 година запре производството на градскиот модел Фиеста. Електрично возило од оваа класа, со достапна цена и со улога на почетен модел на Форд во Европа, ќе биде од големо значење за марката да се врати меѓу најголемите продавачи на автомобили, исто како и за искористеноста на производствените капацитети.
Дилерите се надеваат и на достојна замена на Фокус, чиешто производство во фабриката во Зарлуи ќе заврши наесен.
Можност да се користи идната електрична платформа на концернот
Се спомнува и можноста, Форд да ја користи новата платформа за електрични модели, на чијшто развој во моментов се работи во Калифорнија и наменета е за големи возила. Точно е таа платформа првично е замислена за пикапи со средна носивост, меѓутоа платформата е флексибилна и би можела да се користи и за помали модели за Европа.
Развојните трошоци ќе бидат пониски, доколку се користи сопствена платформа. Наспроти тоа, користењето туѓа платформа, во случајов МЕБ-платформата на Фолксваген, ја смалува додадената вредност за производителот. Поради тоа, новите електрични модели Екслорер и Капри со цената излегуваат од визирот на досегашната клиентела на Форд.















