Мерцедес ќе ја произведува А-Класа подолго од планираното

Производство на Мерцедес А-Класа во фабриката во Раштат. Компактниот модел ќе се произведува две години подолго од планираното.

Различно од првичните планови, Мерцедес-Бенц ќе го остави својот компактен модел А-Класа во производство до 2028 година. Веста ја објави гласникот на германската автомобилска индустрија Аутомобилвохе, врз основа на информации од кругот на компанијата. Плановите беа производството на моделот да запре во 2026 година.

Постоечката А-Класа се појави во продажните салони во 2018 година. Десетте години на најмалечкиот модел на марката со ѕвездата е невообичаено долг според денешните мерила. Наспроти тоа, производството на Б-Класа ќе запре во 2026 година.

Нема планови за наследник

Директорот за производство во Мерцедес, Јерг Бурцер, ја потврди информацијата, без да наведе датум. „Компактната лимузинска изведба од А-Класа и натаму наидува на висока побарувачка меѓу купувачите, посебно во Европа.“

Поради тоа, моделот ќе продолжи да се произведува и по стартот на новата генерација на ЦЛА. Мерцедес сепак ја исклучува можноста за нов модел по 2028 година. Штутгарт останува на планот да го скуси бројот на моделски изведби во семејството на А-Класа од седум на четири модели.

Трета смена за ЦЛА

Во фабриката во Раштат во моментов фаќа залет производството на ЦЛА, којшто е конструиран врз новата платформа ММА. Бурцер уште претходно посочи дека во второто полугодие ќе се работи во три смени за производство на електричниот ЦЛА, поради високата побарувачка.

Покрај купе-лимузината, што во текот на годинава ќе почне да се произведува и во изведба со благ хибриден погон, ЦЛА ќе биде достапен и како комби-купе. Потоа ќе следи и СУВ. Сосем е извесно дека тоа ќе биде наследник на ГЛА, што во моментов исто така се произведува во Раштат.

А-Класа е можно да се произведува во Унгарија

„Со тоа е обезбедена иднината на фабриката“, вели Бурцер. Доколку се исцрпи капацитетот, можно е А-Класа во следните две години да се пресели во унгарската фабрика во Кечкемет. Таму исто така се произведуваат модели на Мерцедес од компактната класа.

„Со тоа ќе се ослободи простор што е неопходен за интегрирање на ММА-возилата во фабриката Раштат“, додава директорот.

Претходна објаваРасте продажбата на Полстар во Европа, близу 20.000 возила на електричната марка на Волво во вториот квартал
Следна објаваДонгфенг почна да се продава и во Србија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here