На најважниот новитет на Опел во моментов, Фронтера, летото му е погодена сезона, иако моделот пристига на македонскиот пазар подоцна годинава. На местото на Кросленд доаѓа модел што нуди уште поголема противвредност. Багажникот секогаш е важна работа.
Опел се јавува во вистински момент да укаже на една од своите најголеми предности. Иако Фронтера е осмислена со цел да го спушти ценовниот праг во СУВ-сегментот, возачките и возачите што се замислуваат како нејзини идни сопственици, не ќе мора да гледаат со резерва околу големината и транспортната способност на новиот модел, што веројатно е позначаен и од Грандленд, уште еден голем новитет на Опел годинава.
Риселсхајм ја рекламира новата Фронтера под слоганот „Подготвена за авантура“, со намера да ги охрабри идните сопственици да уживаат во полна слобода на индивидуална мобилност. Малечкиот, но и не толку малечок СУВ, има зголемено растојание од подлогата, заштита на каросеријата при излети надвор од асфалтот и има домаќински 48-волтен благ хибриден погон. Кој сака, Фронтера се нуди и на струја.
Тоа што е голема тема кај Фронтера е големината на кабината и приспособливоста. Тема што е жешка токму во ова време кога луѓе сакаат да побегнат од жештината или барем да се на поубаво место за жешко.
Зафатнината од 1.600 литри на товарниот простор – со соборена задна клупа – се доживува поверно кога ќе се погледне сликата со два големи куфери, два средни куфери и три малечки куфери. Точно седум куфери, за симболиката. Фронтера е достапна и во изведба со седум седишта. Точно е дека седум куфери нема да собере кога сите седишта ќе бидат зафатени, но затоа сигурно ќе има место за пет куфери, со пет патници и багажник што во тој случај собира 460 литри. Фронтера одушевува и со просторноста на задната клупа.

Димензиите на Опел Фронтера
- Должина 4.385 милиметри
- Ширина 1.849 милиметри
- Висина 1.635 милиметри
- Должина на товарен простор 1.876 милиметри (со 2 седишта)
- Најмала ширина на товарен простор 937 милиметри
- Висина на товарен раб 770 милиметри
Просторот со соборена клупа е споредлив со комбито Опел Астра Спортс Турер. Верзијата со седум седишта е достапна со доплата од 800 евра (во Германија), само за високото ниво на опременост ГС.
Првиот примерок од Опел Фронтера на македонскиот пазар е веќе испорачан, редовната испорака ќе стартува подоцна во текот на годинава.
















