Пристигната е првата понуда за преземање на несолвентниот производител на батерии Нортволт. Идентитетот на заинтересираниот инвеститор не се објавува. Понудата се однесува и за развојниот центар во Шведска, како и за локацијата на којашто требаше да се гради фабрика за батерии во близина на градот Хајде, во германската покраина Шлезвих-Холштајн.
Стечајниот управник Микаел Кабу изјави за шведската радио станица СР дека станува збор за странски инвеститор. Понудата во овој момент е необврзувачка, следат преговорите. Управникот чека да пристигне уште една понуда.
Фолксваген поседува удел
Нортволт во минатите години беше големата надеж на европските прозиводители на автомобили, за надминување на зависноста од производителите на батерии од Азија.
Фолксваген учествува со преку 20 проценти во компанијата, во којашто учествува и Волво, а потпишани се и договори за испорака со БМВ и Порше.
Каде сé постојат фабрики за батерии за електрични автомобили ширум Европа
Проблеми се јавија во минатата. БМВ откажа голема нарачка во вредност од преку 2 милијарди евра, а во исто време забави и продажбата на електричните автомобили, поради што се смали и побарувачката за батерии.
Трошоците се множеа, за во март конечно да се објави стечај.
















