Инспекторите во одделот за кокурентност, права на потрошувачи и спречување на измами при Министерството за финансии, соопштија на 24-ти јуни дека производителот од САД користел рекламни практики во коишто лажно прикажувал дека возилата се способни да управуваат целосно самостојно.
Понатаму, компанијата на Илон Маск издавала продажни договори без датум, без време и место за испорака на возилата, а меѓу другото се доцнело и со повратокот на средства.
Одделот наведува дека истрагата започнала уште во 2023 година. Тесла во следните четири месеци треба да се доведе во согласност со законите, во спротивно ќе се соочува со казна од 50.000 евра за секој следен ден во којшто ќе продолжи да постапува против законите.
Тесла во минатите месеци се соочува со големи потешкотии во Европа. На повеќе пазари е десеткувана продажбата на марката, што во дел е вина и на политичките излети на контроверзниот милијардер и извршен директор Илон Маск.
FSD Supervised can handle Arc de Triomphe no problem
If there is a bigger roundabout in France, please let us know in the comments ?
Pending regulatory approval pic.twitter.com/IPR0jLiOW7
— Tesla Europe & Middle East (@teslaeurope) May 16, 2025
















