Мерцедес испорача 5.000 електрични комбиња за служба во Амазон

Амазон уште во 2020 година располагаше со преку 1.800 целосно електрични еВито и еСпринтер за достава на нарачки преку својот онлајн сервис. Следната нарачка е за уште 5.000 примероци од двата модели, чијашто испорака низ повеќе европски дрќави ќе се заокружи во следните неколку месеци.

Тоа е досега најголемата нарачка за електрични возила на Мерцедес-Бенц од страна на Амазон. Возилата ќе се користат во пет европски држави, најголемиот дел од нив ќе биде во Германија.

Амазон предвидува дека со возилата ќе се достават преку 200 милиони пакети годишно.

„Браншата на курирска, експресна и пакетна достава повторно се покажа како главен двигател на електромобилноста“ изјави Сагри Сардиен, директорка за продажба и маркетинг на Мерцедес-Бенц Ванс.

„Од електрични велосипеди до товарни возила и инфрастуктура, ние сме на најдобар пат да ја трасформираме нашата сообраќајна мрежа“, додава Нил Емери, директор за глобален возен парк во Амазон

Конструкцијата на еВито и еСпринтер, со батерија долу во подот, не одзема од товарниот простор и од функционалноста на доставните модели, во споредба со моделите со класичен погон. Тоа е посебно важно за курирската достава, каде што е важно максимално искористување на просторот, заради ефикасност во работењето.

Важна улога во двата модели има и мултимедискиот систем МБУКС, што се вградува стандардно и овозможува дигитално поврзување, односно користење онлајн-услуги. Тоа подразбира автоматско пресметување на моментот кога возилата треба да се приклучат на полнат и поврзување со навигацијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Automedia.mk (@automedia.mk)

Електричниот Вито за Амазон е произведен во фабриката на Мерцедес-Бенц во Виторија, Шпанија. Тој се користи главно во градските средини, и со батерија од 90 кВч постигнува досег до 480 километри. Постои и модел со батерија од 60 кВч. Моделот е достапен и во патничка изведба.

Поголемиот еСпринтер оди чекор понапред во досегот и товарниот простор. Мерцедес-Бенц го проиведува во две должини, со три големини на батерија и со досег до 484 км. За практичноста сведочат товарниот простор од најмногу 14 метри кубни и дозволената вкупна тежина до 4,25 тони. Електричниот Спринтер се произведува во Диселдорф и товарниот простор дополнително е опремен со регали по мера и преграден ѕид кон возачката кабина.

Спринтер и Вито во 2025 одбележуваат 30 години.

Претходна објаваФранција ја предупредува Тесла да престане да лаже за автопилотот во возилата
Следна објаваДонгфенг почна да се продава во Полска, важен чекор за „светскиот пробив“

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here