БИД ќе поставува мрежа од брзи полначи ширум Европа

Би Уај Ди е кратенка од Билд Јоур Дримс и очигледно дека сонот им се исполни и на производителот, и на купувачите на електричен автомобил од кинеската марка.

БИД планира да ја гради мрежата во соработка со локални компании од областа на инфраструктурата, како и со поставување брзи полначи во своите продажни салони. Тоа го соопшти Стела Ли, потпретседателка на кинескиот производител и шефица за Европа, на средба со медиумите во Брисел.

„Тоа ќе ја смени играта, засилувајќи ја довербата на купувачите во електричниот погон,“ изјави Ли за информативната агенција Белга.

Иницијативата вклучува и „флеш полначи од мегават“ коишто можат да постигнат моќност на полнење до 1.000 киловати. Тоа се координира со почетокот на продажбата на идните модели на БИД врз новата платформа Супер Е во Европа, какви што се моделите Хан Л и Танг Л.

Системот треба да понуди можност за батеријата за само пет минути да се наполни со доволно енергија за 400 до 470 километри пат, доколку тоа го подржува батеријата и зависно од генерацијата на возилото.

БИД во Кина е чекор понапред од соперниците, со својот систем за флеш-полнење на батериите, што беше претставен во март и овозможува енергија за 400 километри пат да се наполни за само пет минути, со максимална моќност до 1 МВ. Овој систем во моментов е достапен само во Кина.

Најавата за европската мрежа од ултрабрзи полначи се совпаѓа со пошироката стратегија за раст на БИД. Првата фабрика за патнички автомобили на компанијата во Европа, што се наоѓа во Унгарија, треба да започне со работа пред завршетокот на годинава.

Ли соопшти дека продажбата на БИД во Европа се зголемува за околу 10 проценти месечно. Компанијата планира да го задржи овој тренд на раст, преку воведување нови модели и преку инфрастуктурата.

Кинескиот производител во првите четири месеци продаде 41.409 возила во Европа, што е 10.453 возила повеќе во споредба со истиот период лани.

Провајдерот на мрежа од полначи за ЕВ, Јонити, којшто е финансиран од повеќе производители на автомобили, годинава ќе почне да поставува полначи од 600 киловати ширум Европа.

Претходна објаваБМВ ќе ја менува бојата со притискање копче
Следна објаваНовиот Ауди Ку-3: Андроид Ауто, врвен квалитет и опрема од виша класа

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here