Пежо уште од 1929 година се издвојува со означувањето на своите модели, со трицифрена ознака и нула во средина. Бројката на првото место покажува колку високо е позициониран одреден модел во понудата на Пежо, додека бројката на крајот укажува на генерацијата на којашто тој ѝ припаѓа. Место 201, првиот новоименуван модел на Пежо од 1929 година првично требаше да носи ознака 629.
Најголемата отстапка во близу стоте години од првиот Пежо со традиционалната ознака се случи со иновативниот 1007 што имаше премиера во 2004 година, кога францускиот производител им додаде уште една нула на своите модели со нестандардна каросерија. Во меѓувреме и тоа прерасна во традиција, марката со лавот денес ги има 2008, 3008, 5008.
Уште една отстапка беше додавањето на буквата Е, за моделите со целосно електричен погон.
Традицијата почна со Пежо 201, модел од тогашната средна класа. Овој автомобил беше клучен за марката да опстои во време на светската економска криза. Во „201“ беше вложено многу во осмислувањето, конструирањето, производството и во продажбата.
Ознака 201 поради тоа што беше 201-от проект на Пежо
Доколку се следеше дотогашното правило, новиот модел од 1929 година требаше да носи ознака 629, произлезена од 6 ЦВ 1929. Судбината сепак избра моделот да ја добие ознаката 201, затоа што стануваше збор за 201-от проект на Пежо.
Пежо дотогаш ги означуваше своите модели по редослед, почнувајќи од првиот автомобил на марката, Тип 1. Тогаш беше главна марката, за разлика од денес, никој се немаше сетено да користи имиња или бројчени ознаки што ќе бидат препознатливи за сите модели од таа марка.
Одвај дека постоеја строги правила за означување на моделите. Претходникот на Пежо 201, којшто официјално се водеше како Тип 190, на пазарот беше познат како „Пежото со 5 КС“. Пежо 201 беше посебен и по тоа што една марка првпат воведе единствена шема за означување на своите модели.
Како што светот навлегуваше во 1930-те години, така и новиот начин на означување на марката со лавот почна да станува препознатлив. Стратегијата на семејството Пежо во почетокот беше да се нуди само еден модел, од којшто ќе се изведуваат различни каросериски варијанти, како лимузина, кабриолет, доставно возило, па дури и тркачки возила. Но, економската криза ја притисна фамилијата да почне повеќе да иновира.
Во есента 1931 година, тогашниот претседател на марката, Жан Пјер Пежо и директорот за продажба, неговиот брат Франсоа, направија серија посети на својата продажна мрежа, во потрага по нови идеи. Низ разговорите со дилерите се роди идејата да се прошири понудата од модели, со цел да се понуди соодветен автомобил за сите потреби и можности.
По 201, во 1932 година следеше Пежо 301, а две години по нив се појавија Пежо 401 и 601. Француската марка првпат понуди комплетно семејство од модели. Сите модели имаа иста шасија, оски и подвозје – уште долго пред целиот автомобилски свет, децении подоцна да почне да применува т.н. платформска стратегија.

Првиот исклучок беше Пежо 309 од 1985 година, којшто во основа беше модел на Талбо, откако производителот премина во сопственост на Пежо. Уште еден сличен пример следеше во 2012 година, со Пежо 301. Намерата беше да се користи различна ознака за моделите што беа наменети за пазарите во развој. Од 2013 година, осумката останува и Пежо не продолжи да ги означува следните генерации со 9-ка. Осумката меѓу другото е среќен број во Кина, а секако дека претставува и симбол за бесконечност.
















