Киа Сид во акциската кампања со цена колку отмен градски автомобил

Киа Сид е второто големо име на марката на македонскиот пазар, по Спортаж, гледајќи низ повеќе генерации наназад. Успехот не одмина ниту една од трите генерации на Сид досега, тоа сепак беше првиот модел на Киа со дизајн и со возни својства скроени точно според европскиот вкус. Киа секогаш можеше да реагира брзо на промените на пазарот, затоа што Сид не само што е европски дизајн и европска конструкција, туку и европски производ. Сид се произведува во фабриката на Киа во Жилина, Словачка.

Компактот на корејскиот производител е моделот со чијшто имиџ најзвучно се поврзува 7-годишната гаранција на Киа, како дополнителен аргумент што оди во прилог на Сид во жестоката конкурентска борба во класата. Токму преку Сид првпат беше промовирана шампионската гаранција на марката.

Сид повеќепати беше на тест во Аутомедиа, вклучувајќчи го кросоверот Ексид и премиум-комбито ПроСид, при што се покажа дека Киа навистина постигна напредок во сите подрачја, од возната динамика до штедливоста, и од комфорот до безбедноста.

Иако со цената е поблиску до основните модели на конкуренцијата, со мотори со стотина КС, Сид е далеку од основен модел. Моторот во единствената погонска изведба што се продава на македонскиот пазар е 1,5-литарски бензинец со турбонатполнење и моќност од 140 КС. Во периодот од март 2021 до април 2024 година, истиот мотор располагаше со 160 КС, а од мај лани, моќноста изнесува 140 КС, заради построгите стандарди за емисија на ЕУ.

На тест возењата се потврдија ветувањата на производителот во фабричките податоци, и Сид (исто и кросоверот Ексид) постигнуваат просечна потрошувачка од околу 7 литри во комбинирани услови на возење.

Акциската понуда на дистрибутерот Премиум Брендс (претходно под името Киа Македонија) за Киа Сид 1.5 Т-ГДи се однесува на моделската изведба со ниво Концепт и 6-степен мануелен менувач, со цена од 22.150 евра, вклучувајќи металик лак, што инаку е опција вредна 500 евра.

Опременоста е повеќе од примерна и тоа е една од заложбите на Киа во Македонија, да се понуди комплетно ниво на опременост, односно како што честопати укажуваат менаџерите – да се добие тоа што македонските купувачи го очекуваат во возило од класата, па и над тоа.

Од системите за асистенција се вградуваат систем за следење лента, автоматско соборување на долги светла, предупредување за замор, најмалку дузина такви ставки. Камера и задни паркинг сензори се стандард во Сид Концепт, исто како и автоматска двозонска клима, навигација, електрична паркирна сопирачка, сензор за дожд, магленки, тркала од лесна легура, и секако, затемнети задни стакла како стандард во целата гама на Киа во Македонија.

Од свеченото отворање на новиот центар на Киа

Дистрибутерот напоменува дека акциската понуда важи за ограничени количини од моделот.

Демо возила постојано стојат на располагање за пробно возење во престижниот салон на (мапа) Перо Наков бр. 25. Премуим Брендс се достапни на телефонскиот број 02 258 0300

Претходна објаваКако почна означувањето на моделите на Пежо: Место 201 требаше да биде Пежо 629
Следна објаваКолку возила продаде Донгфенг на европскиот пазар годинава

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here