Дукати во Мак Аутостар: Мотоциклите првпат со третман на ѕвезда со најпретставителниот салон во регионот

Тоа е веројатно најголемото изненадување годинава на македонската автомобилска, а сега и мотоциклистичка сцена. Навистина е тешко да се поверува, дека една сцена што вложува толку страст во мотоциклите, досега не е удостоена со салон и со сериозна организација на застапувањето на марка мотоцикли. Дукати дојде во Мак Аутостар, италијанска култна марка мотоцикли, со заслужениот третман на ѕвезда.

Каква било вест околу Дукати ќе беше голема вест. Отворањето на салон ќе беше сензација. Отворањето салон на Дукати во Мак Аутостар, во бизнис центарот што и визуелно и симболички ја качува сребрената ѕвезда високо над градот, веќе е над сензација, а реално е ново сметање на времето, за мотоциклистичката сцена.

Синоќа на 12-ти јуни, Дукати отвори ново поглавје за марката и за култот на мотоциклизмот во Македонија. Домашни свечености за удостојување на нови марки веќе долго време се рутина во светот на четирите тркала. Во бизнис-центарот крај мостот “близнаци“, вчера првпат тој гламур можеше да се види како ѝ се посветува на една марка на две тркала. Токму на Дукати.

Можеби поврзаноста на марките на Мерцедес-Бенц, коишто Мак Аутостар со децении ги третира како ѕвезди на македонската автомобилска сцена, и марката Дукати, во почетокот не е толку очигледна. Тоа што ги спојува двете компании е одличноста во работењето, во донесувањето на марките пред македонската публика и пред купувачите, пред сопствениците.

Накусо, сé што оваа сцена досега има доживеано од светот на четирите тркала, сега важи и во светот на двете тркала, толкувано различно според посебностите на тие два различни света.

Свеченоста со свое присуство ја удостоија неговата екселенција амбасадор на Италија, Паоло Палминтери, регионалниот директор на Дукати, господин Герардо Мироко и генералниот директор на Мак Аутостар, господин Зоран Марковски.

Првава објава за настанот е повеќе покана да се посети салонот и да се доживеат мотоциоклите во едно сосем ново светло за нашата сцена. Видео материјалите од настанот се во подготовка, наскоро ќе следи и целосната објава за настанот.

Во продолжение, соопштението од Мак Аутостар

Реномираната македонска компанија „Мак аутостар“ со нова светска марка во своето портфолио – станува ексклузивен дистрибутер за познатиот бренд на мотоцикли Ducati.

На свечената церемонија на која присуствуваа регионалниот директор на Ducati Герардо Морико, италијанскиот амбасадор Паоло Палминтери и генералниот директор на „Мак аутостар“ Зоран Марковски, отворен е нов модерен салон за мотоциклите Ducati.

Салонот што е еден од поуникатните во регионот, нуди целосна галерија на сите модели на италијанскиот бренд, како и ексклузивни додатоци и колекции. Наскоро е предвидено да профункционира врвно технички опремен сервис според највисоките стандарди на Ducati.

Ducati е италијански производител на мотоцикли, познат по своите висококвалитетни спортски и naked мотоцикли.

Компанијата е основана во 1926 година во Болоња, првично како производител на радиокомпоненти, а со производство на мотоцикли почнува по Втората светска војна.

Денес Ducati нуди широк асортиман – од суперспортските Panigale и авантуристичките Multistrada, до ретро-модерните Scrambler и моќните Diavel модели.

Исто така, Ducati е синоним за тркачки успеси и во последните 10 години станува доминантна сила во светот на трките, особено во популарната MotoGP.

Претходна објаваБанкротираниот Марели им должи 767 милиони долари на Стелантис и Нисан
Следна објаваКако почна означувањето на моделите на Пежо: Место 201 требаше да биде Пежо 629

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here