Фиат Трис по пример на славниот Пјаџо Апе

Концептот на електричен трицикл Фиат Трис што треба да го замени Пјаџо Портер; Мошне е извесно дека тој ќе се произведува во Мароко

Друга италијанска марка со уште поголема традиција и име ќе го продолжи патот на Апе. Фиат го претстави Трис, со име што значи тројка, како современа интерпретација на дизајнот на Апе. Тој ќе биде новиот транспортер за секоја намена што ќе го замени Апе, со најважното од сé – симпатичен изглед.

Трис ќе биде достапен во три изведби: Како чиста шасија, со рамна платформа или со товарна платформа. Кабината е без врати и во неа се пристапува брзо и едноставно. За заштита од дожд и ветер се повеќе од доволни покривот и ветробранот со бришач.

Во зависност од изведбата, носивоста е до 540 килограми, а зафатнината на товарниот простор е три метри кубни. Сето тоа се постигнува на 3,17 метри должина. Трис собира станадардна евро-палета и го носи товарот до најтесни улички.

Погонот секако дека е на струја. Тоа е 48-волтен електромотор со моќност од 12 КС и вртежен момент од 45 њутнметри. Брзината е 45 км/ч, батеријата од 6,9 кВч испорачува енергија за 90 километри пат, а на обичен приклучок се полни за пет часови. Сите овие вредности можеби изгледаат премногу скромни, но во реални услови на достава на стока е сосем доволно.

Производството ќе се одвива во Мароко, во фабриката во Кенитра. Во големата фабрика во иднина ќе се произведува и Трис, со голем дел заеднички компоненти со Опел Рокс Е.

Прво ќе се покрие домашниот пазар и регионот на северна Африка и Средниот Исток, каде што постои голема побарувачка за вакви возила. Тој пазар во моментов го покриваат кинески производители, со мотоцикли што се преработени во товарни трицикли.

Најголемата предност секако дека се работните трошоци. Литар бензин во Мароко чини 1,20 евра, додека киловатчас струја чини 12 центи, десетпати помалку. „Полнењето“ струја се врши на секоја достапна приклучна кутија со 220 волти.

Оливие Франсоа, директорот на Фиат, при премиерата на Трис најави дека следниот чекор ќе биде пуштање на товарниот трицикл на европскиот пазар.

[the_ad id=”85764″]

Со симпатична појава и голема сличност со Пјаџо Апе, Трикс во иднина ќе се појавува и на плоштади, како улично кафуле или сендвичара. Цената решава сé. Фиат не ја објави цената, меѓутоа за очекување е таа да биде далеку под 10.000 евра.

Претходна објаваСпортаж е најпродаваната Киа во Европа, како се држат останатите модели?
Следна објаваKIA Sportage Concept со врвна опрема и неверојатна цена!

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here