Тојота додаде поевтин РАВ4 со приклучен хибрид за да привлече повеќе купувачи

РАВ4 доби диодни светла во форма на потковица и кутиест изглед со пластични проширувања на крилата.

Новиот РАВ4 го заменува постоечкиот модел што се продава од 2018 година. Премиерата на европскиот пазар беше на 19-ти мај во Брисел. СУВ-моделот ќе се појави во продажните салони на Тојота во следната пролет.

Во сите погонски изведби работи 2,5-литарски бензинец, во следните погонски конфиогурации:

  • Обичен хибрид со 183 КС со преден погон и 191 КС со погон на сите тркала
  • Приклучен хибрид со 268 КС и преден погон
  • Приклучен хибрид со 304 КС и погон на сите тркала

Тојота соопшти дека ПХЕВ-извцедбите располагаат со батерија од 22,7 кВч, што е за 30 проценти повеќе во споредба со сегашниот модел. Со тоа и електричниот досег се продолжува од 75 на 100 километри.

Верзијата со ПХЕВ со преден погон ќе се продава во Европа и во Јапонија.

Новиот РАВ4 уште нема извршено хомологација за Европа и на премиерата во Брисел не беа соопштени цените. Тековниот модел почнува на германскиот пазар од 40.990 евра за обичен хибрид со преден погон.

Кокпитот на новиот РАВ4 располага со функции што сега работат врз новата софтверска платформа Арене на Тојота.

Тојота соопшти дека РАВ4 постигнува најголема лојалност од сите свои модели, со 63 проценти од сопствениците што го купуваат следниот модел.

Од дебито на РАВ4 во 1994 година, продадени се преку 15 милиони возила, од кои 2,5 милиони во Европа.

Со продадени 24.522 примероци до април, РАВ4 е трет најпродаван СУВ од средната класа во Европа. Пред него се само Шкода Кодиак со 36.157 возила и Тесла Ипсилон со 35.298 возила.

РАВ4 е воедно трет најпродаван ПХЕВ-модел во сегментот, со 7.037 возила, зад БИД Сил Ју со 16.268 возила и Кодиак со 9.256 возила.

Во РАВ4 се воведува напредиот софтвер Арене на Тојота

Во РАВ4 доживува премиера новиот оперативен систем Арене, што е темел на планот на Тојота да се впушти во трка со Тесла и со новите освојувачи од Кина, во конструирањето возила што се раководат според софтверот во нив.

[the_ad id=”85764″]

Арене поседува унапредена функционалност. Дел од системот е збогатениот и усовршен пакет од системи за безбедност и асистенција Тојота Сејфти Сенс 4.0, заедно со нова мултимедија. Двете технологии имаат премиера во РАВ4.

Меѓу функциите на системот спаѓа и собирање податоци од возачите од цел свет, коишто понатаму се обработуваат со вештачка интелигенција и од тоа произлегуваат нови идеи со цел софтверот на возилото да се унапредува постојано.

Претходна објаваНовата Нисан Микра е електрична и ја дели основата со Рено 5
Следна објаваБританија ќе финансира изградба на фабрика од 1 милијарда фунти за батерии за електрични автомобили во Сандерленд

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here