Британија ќе финансира изградба на фабрика од 1 милијарда фунти за батерии за електрични автомобили во Сандерленд

Производителот на батерии АЕСЦ, со седиште во Јапонија, ќе ја гради новата фабрика во Сандерленд, на северот на Англија. Владата соопшти дека фабриката ќе изработува батерии за 100.000 електрични автомобили годишно. Тоа е шестпати повеќе од сегашниот капацитет.

„Ќе продолжиме да ја продлабочуваме и забрзуваме нашата соработка, во насока на зајакнување на нашите индустрии и охрабрување на нивниот раст,“ порача министерката за финансии Рејчел Ривс.

„Покрај тоа што ќе го засили иновирањето и ќе го забрза нашето преоѓање кон транспорт што е повеќе одржлив, оваа инвестиција ќе донесе и толку потребни работни места со висок квалитет и добра плата.“

Нисан ја поседува најголемата фабрика за производство на автомобили во Сандерленд. Компанијата уште во 2023 година најави голема инвестиција во фабриката, со цел да се произведуваат електрични изведби од двата свои модели од британската фабрика.

Британија соопшти дека од државниот трезор и од државната агенција за поддршка на извозот ќе обезбеди финансиска гаранција за да се пристапи до 680 милиони фунти што ќе ги финансираат банките, вклучувајќи ги Стандард Чартерд, ХСБЦ, СМБЦ Група, Сосиете Женерал и ББВА.

[the_ad id=”85764″]

Кешот ќе се користи за изградбата и за работата на фабриката. Преостанатите 320 милиони се обезбедени преку приватно финансирање, како дополнување на новиот сопствен капитал што е обезбеден од АЕСЦ.

„Оваа инвестиција е клучна за тековното ангажирање на АЕСЦ да го поддржи патот на ОК кон декарбонизација и проширување на пазарот на електрични возила,“ соопшти извршниот директор на АЕСЦ, Шоичи Мацумото.

Претходна објаваТојота додаде поевтин РАВ4 со приклучен хибрид за да привлече повеќе купувачи
Следна објаваОпел Мока во освежено издание е следната премиера во славеничката година на Еуроимпекс

1 КОМЕНТАР

  1. Една таква фабрика на северот од Шведска под име Northvolt koја требаше даја задоволи потребата на акомулатори за европските автомобили је пот стечај. Разлог непознат вероватно немање на материјали због санции на Русија.

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here