Тојота се понуди да му помогне на Нисан по неуспешните преговори со Хонда

Фабриката на Нисан во Сандерленд, Англија

Откако во февруари нагло беа прекинати преговорите меѓу Нисан и Хонда, директор на Тојота стапил во контакт со Нисан, со цел да понуди помош, објави јапонскиот дневен весник Маиничи на 18-ти мај, без да го наведе изворот.

Во извештајот не се наведува каков е исходот од обидот на Тојота да се вклучи во помош на Нисан.

Ниту Нисан, ниту Тојота се немаат произнесено јавно околу наводните разговори за партнерство или соработка. Претставник на Нисан одбил да ја коментира објавата на Маиничи. Од Тојота, одговориле дека ќе ја разгледаат објавата.

Тојота има традиција со преземањето малцински удели во останатите јапонски производители и со воспоставување лабави сојузи со нив. Најголемиот производител на автомобили во светот има акции во Субару, Мазда, Сузуки и Исузу. Тука спаѓаат и 50,1 проценти од акциите во производителот на камиони Хино, а целосен е сопственик и на Даихацу, производител на малечки автомобили, којшто е огранок на Тојота.

Нисан и Хонда во декември ѝ приредија изненадување на браншата, кога долгогодишните соперници соопштија дека планираат спојување. Но, преговорите за кусо време завршија, поради тоа што не можеше да се постигне договор околу контролата на компанијата.

Во средината на февруари, компаниите објавија прекин на преговорите.

Во следниот период се појавуваа гласини дали Нисан ќе продолжи самостојно и дали ќе најде нов партнер за да си ја обезбеди иднината. Компанијата реши по куса постапка да го отпушти тогашниот извршен директор Макото Учида и да го назначи Иван Еспиноза да раководи со компанијата, почнувајќи на 1-ви април.

Извршниот директор Иван Еспиноза уште бара партнери за Нисан

Еспиноза во минатата седмица објави уште поагресивен план за реструктурирање, вклучувајќи двојно повеќе отпуштања од компанијата, а тоа се откази за близу 20.000 работници, како и затворање седум од вкупно 17 фабрики на Нисан ширум светот.

Со новиот старт се предвидува и потпирање на партнерите Мицубиши и Рено, за развојот на нови модели.

[the_ad id=”85764″]

По објавувањето на планот, Еспиноза кажа дека нема да брза со склучувањето нови партнерства, само колку да се најде партнер. Главното е Нисан со сопствени сили да се врати во форма, кажа директорот.

Компанијата во меѓувреме уште ги истражува можните сојузи.

Нисан гледа бројни потенцијали за здружување, изјави Еспиноза, вклучувајќи и повторно отпочнување преговори со Хонда. Се размислува и за интеграција, капитална инвестиција или издвојување ограноци, чијшто акции ќе бидат понудени на берзата.

Претходна објаваДен на автомобилска извонредност: Porsche Центар Скопје домаќин на 911 заедницата
Следна објаваНовиот шеф на Ситроен доаѓа од Фолксваген Франција

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here