Опел Мока во уште три нови бои: Колибри сина, тропски зелена и графички сива

Колибри сина, тропски зелена и графички сива. Секако дека имињата на новите бои на Опел Мока не се избрани случајно и точно допираат до луѓе што имаат свои асоцијации на колибри, тропски предели или графика.

Според Опел, трите нови бои го нагласуваат „храбриот и карактеристичен дизајн на Мока“. Најпродаваниот СУВ-модел во понудата на Опел двои со изгледот во сегментот што до скоро беше најпродаван на европскиот пазар – пред да го преземат СУВ-моделите од Б-сегментот, каде Опел штотуку стартува во Грандленд.

За Грандленд и исто така новиот Кросленд да не го одвечат целосно вниманието од Мока, Опел направи уште еден чекор по неодамнешното моделско освежување и затегнување на линијата на СУВ-купето, и на купувачите им три нови бои на избор.

Колибри-сината и тропски-зелената се метализирани бои и во моментов се достапни само кај Мока, додека графички сивата боја е обична боја, но токму тоа е во тренд.

За Мока да биде уште повпечатлива и со сопствен печат, може да се избере и комбинација со црн покрив. Стилскиот СУВ оди уште еден чекор над тоа, па може да се доплати и за хауба во црна боја, којашто дизајнерите ја нарекуваат карбон црна.

Никола Калабиќ, име што е мошне познато во кругот на македонското автомобилиско новинарство и некогашен маркетинг менаџер за Србија, Македонија, Црна Гора и Албанија, денес од местото на раководител со тековната понуда од СУВ-модели на Опел, кажува за новите бои на Мока: „Новата Опел Мока е темпераментен, храбар и во секој поглед самоуверен тип. Со овој карактер совршено одговараат посебно силни бои. Поради тоа ги развивме новите бои колибри сина, тропски зелена и графички сива и ги додадовме во понуда. Со тоа, клиентите можат сега да изберат силни бои за својата Мока, што го покажуваат и нивниот сопствен карактер.“

Колибри сината боја добива улога на „колор-амбасадор“ на стилскиот СУВ и достгапна е без каква било доплата, за секоја верзија на Опел Мока.

Според дизајнерите, графички сивата боја посебно ги нагласува контурите на Мока. За клиенти што имаат сенс за одржливоста и сакаат свеж и нов изглед за својата Мока, на располагање им стои зелена боја, и тоа, тропски зелена. Таа воедно е во чекор со правецот на Гриновејшн на Опел.

Кај новата Мока не се користи хром, и во внатрешноста исто така е присутен голем обем на рециклирани материјали, од почит кон животната средина. Нов и технолошки напреден, а пак материјал што ја почитува животната средина, е Ри Њу Книт, што изгледа како велур, а претставува целосен рециклат.

Кај погонот останува избор од 48-волтен хибрид и целосно електрична изведба.

Еден несекојдневен тест со Опел Мока пред фејслифтот

Тест на Аутомедиа: Колку корист од брзото возење?

Претходна објаваФерари со електричниот модел ќе се врати на пазарот во Кина
Следна објаваГерманските дилери губат надеж со кинеските автомобили

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here