Германските дилери губат надеж со кинеските автомобили

Кинеските производители уште се многу далеку зад очекувањата што ги имаа за германскиот пазар. Кај дилерите се појавува недоверба. Голем дел од нив очекуваа дека преку кинеските автомобили ќе надоместат за бавната продажба на традиционалните марки. Но, ништо од тоа не испадна.

„Во дилерската организација исчезна еуфоријата за кинеските марки,“ вели Томас Пекрун, потпретседател на германската организација за трговија со автомобили и директор на групацијата Аутохаус Либе. „Секако дека дилерите точно проверуваат како кинеските производители се развиваат на германскиот пазар, пред да инвестираат во некоја марка.“

Во првите три месеци, кинеските производители постигнаа удел од околу 1,5 процент во Германија, што е раст од само 0,5 процентен бод во споредба со лани.

Една од причините е тоа што електричните автомобили не се бараат, додека од друга страна, германските и европските производители напредуваа значително и во моментов имаат пристојна понуда од модели.

Штефан Рајндл, директор на инстититот за автомобилска индустрија, вели дека „голем број дилери едноставно немаат потреба да работат со кинеските марки.“

Покрај тоа, на кинеските марки уште им е тешко да создадат моќен маркетиншки настап и да стекнат доверба кај купувачите, поради што бавно им се развива бизнисот во Европа, вклучувајќи ја Германија. Поради тоа, и дилерите во земјата не се толку заинтересирани за кинеските марки.

Се забележува скепса околу ширењето на продажната мрежа

Кинеските производители сé посилно ги чувствуваат последиците од тоа. Фајерфлај, марка на Нио, го одложи почетокот на продажбата за третото тромесечје годинава. Според шефот Вилијам Ли, биле направени лоши процени околу изградбата на продажната и сервисната мрежа.

Има и други производители чијшто планови не се реализираат според очекувањата. Чанган лани ветуваше дека до завршетокот на 2025 година ќе изгради мрежа од 50 партнери во Германија. Реалноста е дека овој производител ќе почне со само десет партнери во третото тромесечје.

Марката Максус, којашто е дел од САИЦ и од 2020 година уште нема вистински стартувано во Германија, дилерите почнаа да се откажуваат и луѓе си заминуваат од фирма.

БИД имаше старт на германскиот пазар кон завршетокот на 2022 година, со големи имиња во дилерската мрежа. Во тек е реорганизација, меѓутоа познавачите ценат дека таа се одвива пребавно.

Големи цели и големи очекувања

Една од главните причини за недовербата од страна на дилерите се големите очекувања на кинеските производители, коишто останаа неисполнети. Шефицата на БИД за Европа, Стела Ли, очекува дека годинава ќе продаде 50.000 возила во Германија.

Место тоа, во првиот квартал биле продадени одвај 1.200 возила. Не се исполнуваат очекувањата и на останатите производители.

„Ако одделните кинески прозиводители во следните пет години освојат пазарен удел од 0,5 до еден процент, тоа веќе би било голем успех,“ цени Рајндл. Увозниците на која било марка во Германија имаат проблем да освојат и два проценти од големиот пазар на домашните Фолксваген, Мерцедес-Бенц и БМВ.

Тоа важи општо за сите производители од Азија. Потребно е време. „Ако се погледне во минатото, се покажува дека за некој увозник да се пробие на пазарот, потребна е околу една декада,“ објаснува Рајндл.

Следи консолидација

Некои кинески производители немаат време за трошење. На нивниот домашен пазар се води вистинска војна со цените. Рајндл проценува дека во Кина во моментов се присутни околу 150 активни автомобилски марки, од коишто 100 се домашни кинески марки, додека 40 се марки што соработуваат со странски производители. Консолидација мора да се случи, порано или подоцна.

Дилерите што инвестираат во кинеска марка мора да имаат трпение и да се подготвени да влезат во ризик. Експертот за Кина, Јохен Зиберт, од ЈСЦ Аутомотив, не е посебно убеден во тоа: „Можам само да го предупредам секој дилер што ќе вложи во кинеска марка. Во моментов, тоа не се исплатува.“

Сосем различна сутуација на македонскиот пазар, барем за дел од кинеските марки

Наспроти овие случувања на германскиот пазар, најголем и највреден автомобилски пазар во Европа, во Македонија имаме сосем различна ситуација со кинеските производители – барем со дел од нив.

[the_ad id=”85764″]

Вистинска приказна за успех кај нас изгради АБЦ Брадер, увозник на возила од кинескиот производител Донгфенг. Првиот голем успех беше постигнат со ДФСК, тогашен Донгфенг-Сокон, денес Фенгон, со големиот СУВ-модел Глори 580. Секој следен нов модел во понудата постигнуваше повеќе. Последен таков пример е Фортинг Т5 Ево, исто така марка на Донгфенг. Уште е мошне рано да се потврди дека новиот Еолус Мејџ ќе биде следниот бестселер, не само на Донгфенг, туку и модел што ќе се вмеша меѓу најголемите „тркачи во продажбата“, меѓутоа постојат големи изгледи за тоа.

Уште еден кинески производител што постигна одличен старт е БАИК, меѓутоа по само неколку месеци се покажа дека таму отсуствува посериозен и поодговорен пристап во маркетингот, за пазарот навистина да се увери во вредноста на моделите на овој производител. Автомобилските марки од Кина обично имаат шанса за само еден старт. Нема втора шанса.

Пример за тоа се Хавал и Грејт Вол, МГ, Чери и уште веројатно половина дузина кинески марки што се присустни на пазарот, меѓутоа остануваат незабележани. Преку сликички на инстаграм и божемни инфлуенсер-ликови што само имаат потреба да се покажат себеси, не се продаваат автмобили.

Претходна објаваОпел Мока во уште три нови бои: Колибри сина, тропски зелена и графички сива
Следна објаваМерцедес-Бенц 450 СЕЛ 6.9 пред 50 години беше најдобриот автомобил и уште е за многумина

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here