Со договорот за царини меѓу САД и ОК ќе се сочуваат работните места во Џагјуар Ланд Ровер

Производството во фабриката на Џагјуар Ланд Ровер во Солихал. Британските производители, вклучувајќи го ЈЛР, со договорот можат годишно да извезат до 100.000 возила во САД, по повластена царинска стапка.

Трговскиот договор меѓу САД и ОК, со којшто значително се смали царинската стапка за извозот на британски автомобили во САД е спасоносен за работните места во Џагјуар Ланд Ровер.

Британскиот премиер Кир Стармер на 8-ми мај, во фабриката на Џагјуар Ланд Ровер (ЈЛР) во Солихал, средна Англија, соопшти дека е постигнат договор за смалување на царините. „Најважно ми беше да го постигнеме тоа смалување,“ изјави Стармер пред насобраните работници во фабриката на ЈЛР.

Британскиот амбасадор во САД, Питер Менделсон, кажа дека со договорот се спречува најавеното отпуштање работници во фабриката на ЈЛР во Англија. „Договорот беше да се сочуваат овие работни места,“ изјави Менделсон во интервју за СиЕнЕН.

Извршниот директор на ЈЛР, Адријан Мардел, кажа дека компанијата „најтопло го поздрави договорот, со којшто се постигнува посигурна иднина за нашиот сектор и за заедниците што тој ги поддржува.“

Организацијата на производители на автомобили во земјата порача дека со договорот се избегнува „големата и моментална закана за извозниците на автомобили од ОК.“

САД се важен пазар за производителите на автомобили од Обединетото Кралство, како Џагјуар Ланд Ровер, Астон Мартин, Бентли, Ролс-Ројс и Мекларен, исто како и за Мини, којашто е дел од групацијата БМВ и има фабрика во Оксфорд, Англија.

Британската влада соопшти дека со договорот се намалуваат царините за извоз на автомобили од ОК во САД, од 27,5 проценти на 10 проценти.

Производителите од Британија добија квота од 100.000 автомобили годишно за извоз во САД, за коишто ќе важи повластената царинска стапка од 10 проценти. Британија лани извезе 102.000 возила во САД.

Постои „простор за квотата да се зголеми“, кажа Стармер.

Трговијата меѓу САД и ОК со автомобили е еднострана. САД во 2024 година увезе од Кралството нови возила во вредност од 8,19 милијарди долари. Тоа е десетпати повеќе од вредноста на возилата што Кралството ги увезло од Соединетите Држави.

САД се најголем единечен извозен пазар за автомобилите од британско производство и учествуваат со 17 проценти во вкупниот број на возила што биле извезени од ОК во минатата година.

Јагуар Ланд Ровер го зголемува бројот на модели од специјални серии. На сликата е Рејнџ Ровер Кармел

Автомобилите што Обединетото Кралство ги извезува во САД се скапи и ексклузивни

Покрај тоа, автомобилите што се извезуваат во САД се поскапи од возилата за останатите пазари и учествуваат со 27 проценти во вкупната вредност на извозот на автомобили од 9 милијарди фунти во 2024 година.

ЈЛР ќе беа погодени најсилно од царината од 25 проценти, којашто беше воведена на 3-ти април, доколку не се постигнеше договор.

САД се најголем пазар за ЈЛР во последната фискална година, со 128.988 возила испорачани до 30-ти март. Тоа претставува 32 проценти од продажбата на возила на ЈЛР во изминатата фискална година.

ЈЛР го запре извозот во САД, откако беа воведени царините од 25 проценти, но на 4-ти мај објави дека возилата повторно се товарат на брод.

Дефендер е најпродаваниот модел на Џеј Ел Ар, со голем удел во рекордната маржа на британскиот производител.

Дефендер и Дискавери пак се погодени од високите царини, затоа што се произведуваат во ЕУ

Дел од продажбата на ЈЛР во САД им припаѓа на Ланд Ровер Дефендер и Дискавери, што се произведуват во фабриката на ЈЛР во Словачка, односно во ЕУ. За извозот на овие модели и натаму важи царината од 27,5 проценти. ЕУ исто така води преговори за намалување на царините во САД.

[the_ad id=”85764″]

Извозот на британски автомобили во САД е пораснат за 39 проценти од 2022 година. Тоа води кон претпоставката дека Кралството веројатно ќе ја пречекори договорената квота од 100.000 возила годинава.

ЈЛЕ во 12-те месеци пред 31-ви март го зголеми извозот во САД за 22 проценти. Тоа од друга страна надоместува за падот во Кина, каде што ЈЛР во истиот период продаде 29 проценти помалку возила.

Претходна објаваЈуниорот ѝ донесе раст во продажбата на Алфа Ромео од 29 проценти
Следна објаваАуди планира да го продаде Италдизајн, објавија италијанските медиуми

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here