
Можната продажба се случува во време кога извршниот директор на групацијата Фолксваген, Оливер Блуме, врши притисок да се скусат трошоците во целата групација, поради забавениот европски пазар и растечката конкуренција од Кина.
Претставници на синдикатот во Италдизајн соопштија дека компанијaта во моментов е во постапка на ревизија и валидација. Потоа би следела продажба, објави италијанскиот дневник Ил Кориере дела Сера. Не се наведуваат имињата на потенцијалните купувачи.
На 12-ти мај е закажан состанок со вработените во Италдизајн, во седиштето на компанијата во Монкалиери, јужно од Торино.
По затворањето на фабриката во Брисел што се случи годинава, Ауди бара други начини да ги скуси трошоците и да ја зголеми профитабилноста. Оперативната маржа во првите три месеци изнесуваше само 1,5 процент. Марката треба до 2029 година да скуси 7.500 работни места во Германија, за секоја година да заштеди по 1 милијарда евра.

Првата генерација на Фолксваген Голф е дизајнирана во Италдизајн
Италдизајн има околу 1.000 вработени и располага со ограноци во Италија, Шпанија, Германија, Кина и САД.
Компанијата е основана во 1968 година од дизајнерската легенда Џорџето Џуџаро и од инженерот Алдо Мантова. Оттаму имаат излезено бројни возила што имаат оставено печат врз целата автомобилска историја. Меѓу нив се Фолксваген Голф од 1-та генерација, првиот Ауди 80, Лотус Есприт, БМВ М1, бројни модели на Фиат, како Панда, Уно, Пунто.

Експертизата на Италдизајн досега и надвор од сферата на дизајнот, односно опфаќа и проекти за инженеринг, изработка на прототипи, па дури и производство на возила во ексклузивна серија.
Фолксваген имаше намера да го усоврши дизајнот на своите возила со купувањето на Италдизајн
Фолксваген стана сопственик на Италдизајн во 2010 година, откако Ламборгини, што официјално е огранок на Ауди, купи 90,1 проценти од акциите во компанијата. Намерата со преземањето на Италдизајн беше да се искористи огромното искуство во дизајнирањето автомобили, во инженерингот и во изработката на прототипи на ниво на цела групација.
Во 2015 година беа преземени и последните 10 проценти од акциите, со што групацијата Фолксваген стана целосен сопственик на Италдизајн. Џорџето Џуџаро и неговиот син Фабрицио ги продадоа своите акции, си заминаа од компанијата и основаа сопствена консултатска куќа, ГФГ Стајл.
За Ауди и за целата групација Фолксваген, Ауди не беше само уште една компанија во порфолиото, туку беше неисцрпен извор на креативност, за брз и целосен развој на возила (на пример, Ауди Ку2), како и воведување нови производствени техники. Италдизајн работеше и за клиенти однадвор, постигнувајќи влијание пошироко во браншата.
[the_ad id=”85764″]
Под Ауди, Италдизајн продолжи да создава за клиенти од целиот свет, креирајќи прототипи и сериски модели, меѓу другото и за бројни кинески производители на автомобили.















