Шефовите на Рено и Стелантис бараат ЕУ да ги попушти нормите за малечки автомобили, за да не затвораат фабрики

Рено наскоро ќе почне со продажба на нова генерација на Твинго со електричен погон

Претседателот на Стелантис, Џон Елкан, и извршниот директор на Рено, Лука де Мео, ја повикаа ЕУ да ги олесни нормите за малечки автомобили. Во спротивно, производителите ќе мораат да затворат фабрики, затоа што не им се исплатува да произведуваат возила од таа категорија.

Во заедничко интервју за францускиот дневник Ле Фигаро, Елкан и де Мео кажуваат дека Франција, Италија и Шпанија треба да бидат предводнички на иницијативата, затоа што во тие земји е највисока побарувачката за малечки и најдостапни возила. Тие не наведуваат подробности, околу тоа кои правила бараат да се сменат за малечките автомобили.

„Бараме да важи различна регулатива за помалите автoмобили. Постојат премногу норми, коишто се наменети за поголеми и поскапи автoмобили, и тоа нé спречува да произведуваме помали автомобили со прифатлива профитабилност,“ вели Де Мео.

Тој додаде дека Рено и Стелантис, коишто заедно покриваат 30 проценти од пазарот во Европа, главно се посветени во производство на достапни модели во Европа, за европските купувачи.

Производителите на премиум автомобили, како Мерцедес, БМВ и некои марки од групацијата Фолксваген, главно се насочени кон извозот, објаснува Де Мео.

„Нив им е важна Европа, но главното внимание им е извозот. Во последните 20 години, нивната логика ги одредуваше условите на пазарот. Како резултат од тоа, европските регулативи условуваа нашите автомобили да стануваат сé посложени, сé потешки и поскапи, и луѓето едноставно не можат да си ги дозволат повеќе.“ вели Де Мео.

Елкан нагласи дека продажбата на автомобили во ЕУ напредува бавно и кажа дека е „стратешко“ прашање да се одреди посебна регулатива за помалите автомобили .

„Во овие услови, доколку не се смени траекторијата, во следните три години ќе мораме да донесеме болни одлуки во врска со нашата производствена мрежа,“ порачува Елкан.

Можно решение за Европа се модели во стилот на јапонските микро-автомобили

Истражувачка група од Франција направи студија којашто порачува законодавците на ЕУ да дозволат производителите на автомобили да продаваат во Европа модели по пример на јапонските микро-автомобили и на купувачите да им се понудат достапни и одржливо произведени електрични возила.

Сузуки Солио Бандит е пример за модел од посебната категорија на микро-автомобили во Јапонија, за коишто важат големи поволности, во корист на купувачите. Тоа е воедно 

Оформувањето нова категорија возила во Европа ќе им дозволи на европските производители да развијат автомобили со коишто тие беа конкурентни во 80-те, 90-те и 2000-те години, порачува Томасо Парди, директор на истражувачкиот центар Џерписа, што ја објави студијата.

[the_ad id=”85764″]

Достапни и одржливи електрични автомобили ќе им овозможат на европските производители да им парираат на кинеските конкуренти и да поттикнат иновации од страна на добавувачите, порачува студијата.

Претходна објаваБМВ со два нови „модели“, парфеми Ејмбернес и Бергамуд
Следна објаваНовиот Компас е најсветскиот модел на Џип, со пазар на пет континенти

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here