Ситроен пресмета дека Британците преплатиле 1,23 милијарда фунти за поправка на дупки на улиците

Ситроен на непосреден, но пак делотворен начин, најде место да го рекламира комфорот на своите модели. Британците сега ќе ја загледуваат секоја дупка и ќе се прашуваат, како е да се вози Ситроен тука.

Француската марка побара податоци од општините ширум Кралството и дојде до заклучок, дека со потрошените пари можело да се пополнат 17 пати повеќе дупки по патиштата, доколку за секоја дупка се трошел најнискиот можен износ, односно најниската цена по којашто некоја општина успеала да поправи дупка на патот.

Преку ова истражување, Ситроен му се приближува на народот, соопштувајќи дека општинските совети имаат различен пристап на поправката на дупки на патиштата, а од тоа произегуват и разлики во трошоците.

Колку се големи тие разлики, покажува податокот дека во 2024 година со потрошените средства можело да се пополнат 33,3 милиони дупки, место 1,89 милион дупки, колку што е постигнато фактички по патиштата ширум Обединетото Кралство, доколку за секоја дупка било наплатувана најниската можна цена.

Во службените извештаи стои дека 52% од патиштата во земјата можат да издржат помалку од 15 години без подлабоки зафати и дека Обединетото Кралство би требало да потроши одеднаш 16,81 милијарди фунти, за сите патишта да се доведат во совршена состојба.

Во истите извештаи (АЛАРМ Рипорт 2025), стои и дека просечната цена на поправка на дупка на патот изнесувала 72,37 фунти. Но, разликите од општина до општина се огромни. Ситроен во своето истражување дојде до податок, дека советот на Шетланд Ајлендс во 2024 година трошел во просек по 656 фунти за секоја дупка. Не заостануваат многу и Шропшир и Ковентри, со 654 односно 633,90 фунти.

Наспроти тоа, дупките ги чинеле граѓаните на Кардиф во просек по 4,13 фунти. Причината за овие неразумни разлики во трошоците е отсуството на стандарди, коишто ќе одредат колку точно средства треба да се потрошат за поправка.

Доколку за 1,89 милион дупки биле наплаќани трошоците на најскапата општина (656 фунти), тогаш поправката би чинела вкупно 1,24 милијарда фунти. Наспроти тоа, со трошоците на најевтината општина (4,13 фунти), сумата би изнесувала само 7,84 милиони фунти. Тоа е разлика од 1,23 милијарда фунти.

Видеото од тестот на Ситроен Ц3

Наравоучението: Ако Шетландските Острови наплаќале колку Кардиф, односно 4,13 фунти по дупка, место 656 фунти, граѓаните таму би имале деветпати помалку несанирани дупки.

Главната порака секако дека се поврзува со програмата на Напреден Комфор на Ситроен, којашто се заснова првенствено врз комфорно подвозје и комфорни седишта, а понатаму и сé друго. Франузите заклучуваат: Програмата за Напреден Комфорт на Ситроен е осмислена со цел патниците да не почвуствуваат кога возилото ќе наиде на оштетувања на патот.

Претходна објаваПежо како домашна марка во Португалија: 2008 упорно прв избор
Следна објаваАуди со зголемен промет во првото тромесечје, забрза продажбата на електричните

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here