Тесла продолжи да паѓа и во април, новите светла на Модел Ипсилон не донесоа многу светлина

Падот во продажбата на Тесла во Европа се покажува најсилно во Шведска, каде што во април беа продадени за 81% помалку возила од истиот месец лани, што е најниско ниво во последните две и пол години. Европејците повеќе купуваат европски електрични автомобили, но влијае и вмешувањето на Илон Маск во политиката.

Четврти месец по ред паѓа продажбата на Тесла на повеќето пазари во Европа. Додека во првите три месеци, на европскиот пазар се продадени за 28 проценти повеќе електрични возила во споредба со лани, трендот кај Тесла е во спротивната насока, со пад од 37,2 проценти.

Пример за драстичното слабеење на побарувачката за електричните автомобили од САД е Шведска, каде што во априол беа продадени за 81% помалку автомобили Тесла. Тоа е најниска продажба од октомври 2022 година наваму. Ист е примерот со Холандија, со пад од 73,8 проценти и со најниска априлска продажба во последните три години. Со 33 проценти во минус, Тесла во минатиот месец имаше поголем пад во продажбата во Португалија, во споредба со март.

Продажбата во Данска е намалена за 67 проценти, Франција пријави пад од 59 проценти.

Овие продажни резултати будат сомнежи дека пуштањето на освеженото моделско годиште на Модел Ипсилон на неколку пазари ќе ја смени судбината на Тесла во Европа.

Купувачите веќе имаат можност да го нарачаат новиот Модел Ипсилон во поголемиот дел од Европа. Вебсајтовите на Тесла во Германија, Британија и Италија покажуваат дека испораките ќе почнат дури во јуни. Треба да поминат неколку месеци за да се види дали освежената верзија на моделот ќе донесе поголема побарувачка.

Во меѓувреме, за да се поттикне продажбата, Тесла нуди попусти и финансиски погодности во Норвешка, Шведска, Германија и Британија.

Се засилува и конкуренцијата од традиционалните производители и од кинеските електрични автомобили

Тесла се соочува со сé посилна конкуренција од големите производители на автомобили, а во исто време и кинеските производители лансираат нови и обично поевтини ЕВ.

„Со тековната понуда од модели исчезна поголемиот дел од технолошката предност на Тесла,“ оценува Енди Лиленд, соосновач на аналитичарската компанија СЦ Инсајтс. „Конкуренцијата и од традиционалните производители и од кинеските освојувачи ќе влијае врз продажбата.“

Маск, близок соработник на претседателот Доналд Трамп, беше можне ангажиран во скусувањето на државните вработувања. Но, тој во минатата седмица кажа дека ќе го намали времето што го посветува во администрацијата на Трамп и ќе вложи повеќе време во раководењето со Тесла.

Прометот на компанијата во првите три месеци се смали за една петина, додека чистата добивка опадна за 71 проценти. Вол Стрит предвидуваше дека бизнисот во Тесла ќе се одвива многу подобро.

Претседателот на Вол Стрит, Робин Денхолм, на 1-ви мај ја демантираше објавата на Вол Стрит Журнал дека управниот одбор бара нов извршен директор. Од Тесла не одговорија на прашањето упатено од Ројтерс.

[the_ad id=”85764″]

Вмешувањето на Маск во крајно десничарската политика во Европа предизвика протести против милијардерот и против компанијата, а доведе и до вандалски чинови врз салоните и врз станиците со полначи, како во САД, така и во Европа.

„Удар врз репутацијата во Европа“

„Марката доживеа удар врз репутацијата во Европа,“ кажа извршната директорка на вебсајтот Electrifying.com , Џини Бакли. Таа додаде дека 59 проценти од испитаниците кажале дека поради Маск е помала веројатноста за да купат Тесла, во истражувањето спроведено меѓу 1.642 лица, во периодот од 24-ти март до 11-ти април.

Во април во Шведска се продадоа само 203 возила на Тесла. Во Холандија, април донесе 382 продажби. Португалија регистрираше 302 нови возила, Норвешка пријави 976 возила. Наспроти тоа, во Италија има раст, но пак се продадоа само 446 возила. Германија и Британија уште немаат објавено податоци за април.

Претходна објаваМерцедес ќе го произведува и ГЛЦ во својата фабрика во Алабама, САД
Следна објаваМерцедес ГЛЦ на струја ќе има премиера на ИАА во Минхен наесен

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here