Во Форд неделава повторно се случија предупредувачки штрајкови. Вработените сакаат на тој начин да извршат притисок, за да се потпише колективен социјален договор.
Штрајкови за предупредување во Форд: Вработените стравуваат дека стечајот на автомобилскиот бизнис во Европа е неизбежен. Поради тоа, се бара колективен социјален договор што ќе ги згрижи работниците.
Неделава се одвива втората рунда на предупредувачки штрајкови во Форд во Келн. Синдикатот ИГ Метал бара да се потпише колективен социјален договор, за вработените да бидат заштитени од стечајот што веќе е сосем извесен.
Неколку стотини вработени, уште во понеделникот, на неколку часови го напуштија своето работно место во матичната фабрика во Нил, за штрајкот во среда и во четврток да биде проширен на повеќе сектори во фабриката. Во изминатата седмица, синдикатот ИГ Метал повика на предупредувачки штрајкови три дена по ред, и неколку стотини вработени одговорија на повикот.
Вработените со критики за стратегијата
Вработените преку транспаренти повикаа на одговорност поради погрешната стратегија на Форд во Европа, како причина за тешката криза во којашто западна производителот на автомобили со седиште во САД. „Стратегијата за автомобилите на Форд = Прогласување банкрот“, пишува на транспарентите, додека на друго место стои „Каде е стратегијата за автомобилите на Форд?“
Молк од менаџментот на Форд
ИГ Метал бара потпишување колективен социјален договор за околу 11.500 работници во Келн-Нил, за случај на банкрот на производителот на автомобили во Германија. Работничкиот совет е убеден дека стечајот е неизбежен.
[the_ad id=”85764″]
Од Форд не соопштуваат како напредуваат преговорите. „Сакаме овие преговори да ги водиме во смирена и доверлива атмосфера и поради тоа во моментов не соопштуваме јавно. Тоа важи за нашите германски и европски директори, исто како и за американските директори.“
















