Најдобрите проекти на локални организации што се насочени во подобрување на животот на луѓето и во заштитата на животната средина ќе бидат наградени со фонд во висина од 100.000 фунти, со возило Дефендер што ќе им стои на располагање и со менторска поддршка во нивната работа. Тоа е дел од новата иницијатива Дефендер Авордс, на британскиот производител на престижни теренски возила Џагјуар Ланд Ровер.
Вредна близу еден милион фунти, новата иницијатива на Дефендер ќе ги избере и награди проектите на локалните организации во заштита на животната средина, пристигнати од седум држави од сите страни на светот: Обединетото Кралство, Франција, Германија, Италија, Австралија, Јапонија и Јужна Африка.
Седумте добитници на Дефендер Авордс ќе добијат на располагање фонд вреден 100.000 фунти, возило Дефендер и стручно менторство. Џагјуар Ланд Ровер, производителот на Дефендер, вложува преку 1 милион фунти во целата иницијатива.
Програмата што Дефендер ја спроведува првпат, поделена е на четири категории, за коишто можат да се пријават кандидатите во седум земји: Бранители (дефендери) на земјата, бранители на морето, бранители на дивината и бранители на човештвото.
Иницијативата се совпаѓа во рекламната кампања Рајно Висперер, со којашто се одбележуваат 20 години соработка со организацијата Таск, во заштита на загрозените видови во Африка.
Дефендер ги продолжува корените што водат до првата серија Ланд Ровери, што почнаа да работат за Британскиот Црвен Крст во 1954 година, како една од најдолготрајните хуманитарни партнерства.
Посебни национални жирија во седумте земји, по затворањето на приемот на проектите во јуни, ќе изберат по два проекти во секоја од четирите категории на Дефендер Авордс. На тој начин избраните 56 проекти, понатаму одат на оценување од жирито што е составено од експерти за заштита на животната средина и на животот на луѓето. Жирито ќе ги избере седумте најдобри проекти и ќе ги поддржува во следните две години.
















