Шефот на Киа верува повеќе во европскиот пазар, откако царините на Трамп го расипаа пазарот во САД

Електричниот миниван ПВ5 ќе биде клучен за растот на продажбата на Киа во Европа.

Јужнокорејскиот производител планира до 2030 година да го зголеми уделот на електричните возила во својата продажба во Европската Унија на повеќе од 60 проценти. Тоа е повеќе од прогнозираните 54 проценти за целата бранша, изјави извршниот директор Хо Сунг Сонг на 3-ти април во Сеул, каде што се одржува салонот на автомобили Сеул Мобилити Шоу.

Европската комисија во минатиот месец, под притисок на производителите на автомобили како Фолксваген и Стелантис, предложи да се одложат новите и построги норми за емисија што треба да стапат во сила годинава, и воедно да се препровери целта, по 2035 година во ЕУ да се продаваат само возила со нулта емисија. Сонг сепак цени дека нема да биде толку лесно да се откаже целта за нулта емисија.

„Верувам дека Унијата им помага на производителiте на автомобили со тоа што им дава време за тие да инвестираат и да ги исполнат целите,“ вели извршниот директор на Киа. „Искрено, ние уште во овој момент можеме да ги исполниме барањата на Унијата.“

Насочувањето на вниманието кон Европа се случува во време кога Киа и останатите светски производители на автомобили мораат да се соочат со царината на Трамп од 25 проценти за увоз на возила во САД, што се заканува да ја погоди продажбата на еден од најважните пазари на Киа. Трамп вети и дека ќе ја укине субвенцијата за електрични автомобили во висина од 7.500 долари.

Киа, заедно со сестринската марка Хјундаи, во 2024 година продаде 1,7 милион возила во САД. Од нив, околу 1 милион возила се од увоз, главно од Јужна Кореја.

Киа планира годишната продажба во САД да ја зголеми на околу 1,2 милион возила до 2033 година, наспроти околу 800.000 возила лани, кажа Сонг.

„Сé уште нема поголеми промени во законите за емисија во САД, и се разбира дека постојат очекувања за Трамп да ги ублажи законите,“ кажа Сонг. „Но, навистина не знаеме што ќе се случува откако следната администрација ќе ја преземе власта во САД. Можно е да дојде до некои промени и можно е да се случи забавување што ќе трае неколку години, но се обидуваме да се движиме во првично поставената насока.“

Киа, Хјундаи и Џенезис, трите марки на групацијата, не се поштедени од царините на Трамп, иако во минатиот месец беше најавено вложување од 21 милијарди долари во САД. Групацијата планира годишната продукција во земјата да ја зголеми на 1,2 милион возила, во споредба со 700.000 возила што лани се произведени во фабриките во Алабама и Џорџија.

[the_ad id=”85764″]

Сонг не коментираше дали Киа планира да ги зголеми цените во САД, за да компензира за воведените царини. „Но, ценам дека веројатно сите следат што ќе преземат останатите ривали, околу стратегијата на цените,“ кажа шефот.

Како дел од својата стратегија да ја зголеми продажбата во Европа, Сонг на настанот во Барцелона во февруари, го посочи новиот електричен миниван ПВ5. Ванот што Киа го води како „возило што е произведено за намената“ ќе нуди посебно приспособени возила за различни бизниси, почнувајќи од возило за роботско такси, до возило за достава на пратки до врата.

Претходна објаваКалифорнија има повеќе полначи за електрични возила отколку пиштоли за точење гориво
Следна објаваМихаел Кирш назначен за извршен директор на Porsche за Централна и Источна Европа, додека Ирина Каук ја презема одговорноста за Европскиот регион

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here