Бројот на полначи за електрични возила во Калифорнија е поголем за 48 проценти од бројот на пиштоли за точење гориво. Тоа е јасен знак дека сојузната држава се движи во насока на електричната иднина, и покрај сопирачките од страна на владата.
Во 2024 година, Калифорнија располагала со 178.549 полначи за електрични возила, наспроти 120.000 пиштоли за точење гориво, колку што проценува Калифорниската Комисија за Енергетика. Тој број е воедно за 70 проценти повисок во споредба со 2023 година, кога во сојузната држава имало 105.012 полначи.
„Се движиме во насока на иднина со чисти автомобили и на потрошувачите им нудиме повеќе избори – без разлика на ‘големите владини’ пораки што пристигаат од Вашингтон,“ порачува во соопштението Гавин Њусом, гувернер на Калифорнија, од редовите на демократите.
Бројот што беше објавен на 20-ти март сведочи за растечкиот јаз меѓу сојузната држава што има најголем број на ЕВ во САД и администрацијата на претседателот Доналд Трамп, која што откажа неколку субвенции за ЕВ и се закани за тоа што Калифорнија притиска за возила со нулта емисија.
Пристапот на Калифорнија кон емисијата на штетни гасови е во спротивност со ставовите на републиканците
Калифорниската комисија за енергетика во декември одобри план за вложување 1,4 милијарда долари во инфрастуктурни проекти за електрични возила, вклучувајќи полначи за ЕВ. Во март, главниот обвинител во сојузната држава, Роб Бонта, ги потсети локалните власти дека имаат обврска да го забрзаат издавањето одобренија за поставување станици со полначи за електрични возила.
Од преку 178.000 полначи за ЕВ во Калифорнија, близу 17.000 се брзи полначи. Од друга страна, повеќе од 162.000 полначи се слаби, од ниво 2.
Сојузната држава проценува дека и потрошувачите имаат поставено преку 700.000 полначи од Ниво 2 во своите домови. Повеќето од сопствениците ги полнат своите електрични автомобили дома.
„Искуството на возачите на ЕВ во Калифорнија се подобрува од ден во ден,“ вели Дејвид Хохшилд, претседател на Калифорниската Комисија за Енергетика. „Државата продолжува да вложува во инраструктура за ЕВ, со посебен нагласок на подрачјата со послаба распространетост на полначи, што прави овие возила да бидат едноставен избор за купувачитенанови автомобили.
Политиката на Калифорнија во меѓувреме стана главна тема што ги иритира републиканците. Сојузните власти своевремено ѝ одобрија на Калифорнија да воведе построги правила за штетна емисија, со цел да го спречи смогот што нејзин заштитен знак. Конзервативците ја осудија на овој начин настанатата двојна правна структура за производителите на автомобили и го оспоруваат правото на сојузната држава.
Републиканците во претставничкиот дом најавија дека ќе се побунат против отстапката што ѝ е дозволена на Калифорнија, додека секретарката за односи со јавноста на Трамп за време на претседателската кампања кажа дека сите отстапки што го охрабруват преоѓањето на електрични возила „итно ќе се укинат.“
Видеото од тестот на најдостапниот електричен автомобил во Македонија, Донгфенг Нами Бокс
Администрацијата на Трамп воедно повика да се скуси финансирањето на националанта програма за мрежа од полначи за електрични возила и да се преработат стандардите за потрошувачката на гориво.
Конгресот сепак ги одобри средствата и порача дека воопшто не е толку едноставно да се укине отстапката за Калифорнија. Укинувањето на субвенцијата за електрични возила веројатно ќе предизвика правни постапки од страна на Калифорнија.
















