Кинеската марка на Стелантис ѝ дава предност на Шпанија, за фабрика за електрични автомобили

Штандот на Липмотор на салонот во Париз во октомври 2024

Кинеската амбасада во Кина соопшти дека концернот Стелантис и неговиот партнер од Кина, Липмотор, планираат да вложат 200 милиони долари за изградба на фабрика во Шпанија. Лице што е непосредно упатено во случувањата, претходно откри дека Шпанија била прв избор, како локација за електричниот СУВ-модел Б10 да се произведува за европскиот пазар, почнувајќи во 2026 година.

Двете компании беа во потрага по локација за производство на Б10 во Европа, откако компактниот СУВ имаше регионална премиера лани во септември. Фабриките на Стелантис во Германија и Словачка исто така биле земени предвид, соопшти претходно Ројтерс.

Кинеската амбасада соопшти, дека фабриката во којашто имаат намера да инвестираат се наоѓа во Сарагоса, во североисточна Шпанија. Оттаму сепак не излегоа со подробности околу името на моделот што ќе се произведува во таа фабрика.

Двете компании во моментов вложуваат напори да го зголемат уделот на компоненти што локално ќе ги изработуваат добавувачи во Шпанија и истите ќе се вградуваат во возилата на Липмотор. Тоа е условот за двата партнери да ја добијат највисоката субвенција од страна на шпанската влада, соопштило лицето што бара да остане во анонимност.

Липмотор и Стелантис уште немаат донесено конечно решение и планираат производството на возилото во Шпанија да отпочне уште во првото тромесечје од 2026 година

Липмотор претходно соопшти дека Б10 ќе биде прв целосно електричен модел од серијата Б, што ќе се продава на извозните пазари. Стелантис додаде дека моделот е начин за „електрични автомобили со напредна технологија и достапна цена“ да им будат понудени на купувачите надвор од Кина.

Компактниот СУВ-модел Липмотор Б10 имаше премиера на салонот во Париз во октомври лани.

Концернот на Фиат и Пежо, и кинескиот производител Липмотор, се откажаа од првичните планови за Б10 да се произведува во Полска, откако кинеската влада на приватно ниво им порача на производителите на автомобили да се воздржат од големи инвестиции во Европа, во земји што гласаа за ЕУ да воведе дополнителни царини за електричните автомобили што се произведени во Кина.

Во следниот чекор, компаниите ги зедоа предвид фабриката на Стелантис во Ајзенах, Германија, каде што се произведуваат модели на Опел, како и фабриката во Трнава, Словачка.

[the_ad id=”85764″]

Со релативно ниски трошоци за работната сила и со масивна владина поддршка за проекти од областа на чистата енергија, Шпанија досега привлече неколку големи играчи на сцената од електромобилноста, како КАТЛ и Енвижн АЕСЦ, да градат фабрики во земјата.

Претходна објаваШкода Кодиак · Тест · Најдоброто од класиката
Следна објаваДонгфенг Нами Бокс ·Тест ·Електро охрабрувач

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here