
Од вкупно 22 сегменти на коишто е поделен автомобилскиот пазар, БМВ и Фолксваген се први во 12 сегменти, покажуваат податоците од аналитичарската куќа Датафорс.
Во јануари, БМВ и Мини се први во сегментот на малечките премиум автомобили (Мини Купер), во премиум средната класа (Серија 3 на БМВ), во премиум вишата класа (Серија 5 на БМВ), во сегментот на премиум компактни СУВ (Икс 1), премиум СУВ од вишата класа (Икс 5) и меѓу егзотичните модели (БМВ Икс М).
Блиску до врвот, БМВ го има целосно електричниот и4, втор најпродаван модел во сегментот на премиум средната класа, додека целосно електричниот и5 е четврти најпродаван модел во премиум вишата класа.

Моделите на БМВ со целосно електричен погон се речиси идентични со моделите со мотор со внатрешно согорување. Шефот за развој Франк Вебер цени дека токму тоа им се допаѓа на купувачите.
Покрај тоа, БМВ внимава на тоа да се испочитуваат основните обележја на марката во целата нејзина понуда од модели. Стратегијата успева.
Матичната марка и марката Шкода на концернот Фолксваген, во јануари ги имаа првите места во компакт класата (Голф), во средната класа (електричен ИД.7), купе/кабриолет (Фолксваген Т-Рок), компактни СУВ (Тигуан), СУВ од средна класа (Шкода Кодиак) и компактни ванови (Фолксваген Кеди).
Меѓу најголемите промени што се случија на пазарот е тоа што целосно електричниот Фолксваген ИД.7 го престигна традиционалниот модел на марката. ИД.7 исто така е пред Тесла Модел 3, којашто имаше голема предност во сегментот по првиот месец во 2024 година.

Директорот на продажба во марката Фолксваген, Мартин Зандер, уште во декември го најави успехот на ИД.7, соопштувајќи дека за него пристигаат повеќе нарачки отколку за Пасат.
Шкода Кодиак ја почна годината престигнувајќи ја продажбата на два големи ривали во сегментот на СУВ од средна класа, а тоа се Тесла Модел Ипсилон и Тојота РАВ4. Во истиот месец лани, Модел Ипсилон имаше предност од преку 5.700 возила пред Кодиак. Една година подоцна, Шкода Кодиак води со предност од преку 2.400 возила.















