Мазда вложува 150 милиони долари во фабрика за електрични автомобили во Тајланд

Корпорацијата Мазда планира да вложи околу 150 милиони долари во Тајланд, за да произведува доставни возила со средна големина, соопштија од тајландската агенција за инвестиции.

„Инвестицијата има за цел да ја поддржи продажбата на домашниот пазар и извозот во Јапонија и други држави, посебно државите во Југоисточна Азија, со планирано производство на 100.000 возила годишно,“ соопштија од Агенцијата, пренесувајќи ја изјавата на претседателот на Мазда, Моро Масахиро.

Новата инвестиција е добредојдена во период кога производството на автомобили во Тајланд е во пад, земја што произведува најмногу автомобили од државите во регионот. Лани во земјата се произведоа најмалку автомобили во последните четири години.

Продажбата на автомобили на домашниот пазар во 2024 година опадна за 26 проценти. Главната причина за тоа е воведувањето многу построги критериуми за давање кредити, откако долгот на населението кон банките достигна 89 проценти од бруто домашниот производ на завршетокот на третиот квартал.

Здружението на производители на автомобили во Тајланд предвидува дека годинава во земјата ќе бидат произведени 1,5 милион возила. Од нив, еден милион ќе замине за извозните пазари, додека останатата продукција ќе се продаде на домашниот пазар.

Тајланд е најголем производствен центар за автомобили во Југоисточна Азија и извозна база за некои од најголемите производители на автомобили во светот, вклучувајќи ги Тојота и Хонда.

Во изминатите години, даночните олеснувања што ги понуди државата, заедно со субвенциите за купување автомобили, поттикна бројни производители на електрични автомобили од Кина да вложат во Тајланд. БИД и Грејт Вол Мотор, на пример, вложија повеќе од 3 милијарди долари во фабрики за производство, во земјата.

Претходна објаваДонгфенг и Чанган пред соединување, заедно поголеми од БИД
Следна објаваКанадските возачи на Тесла се срамат од марката што ја возат, поради Илон Маск

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here