Опел има нов знаменосец, со познато име. По заминувањето на Инсигниа од понудата на Опел, СУВ-моделот Грандленд добива нова задача, да биде најпретставителен модел на германската марка, што го поместува половина класа погоре. Првите впечатоци на сцената се најважни, Еуроимпекс и овојпат се погрижи за македонската премиера на Грандленд да биде запомнета.
За првата премиера на Опел на македонскиот пазар годинава, втора за Еуроимпекс, по Пежо 5008, се погоди името на моделот. Грандленд доаѓа во годината во којашто најстарата македонска приватна компанија од областа на автомобилизмот ќе одбележува 35-годишнина. Грандленд за гранд-нешта, можеше да се слушне многупати за време на претставувањето на новиот модел пред македонската јавност.
Грандленд е вториот модел што е конструиран врз новата платформа СТЛА Медиум на концернот Стелантис и ја дели истата со Пежо 3008/5008. Врз неа наскоро ќе следи голем бран од нови модели од компакт и средната класа од концернот, меѓу другото новите Џип Компас и Ситроен Ц5 Еркрос.
Платформата е развиена со нагласок на електричниот погон, меѓутоа концернот вешто ја користи за од неа да изведе варијанти со благ хибриден погон и со приклучен хибриден погон. Придобивките од тоа што Грандленд и останатите модели од концернот врз СТЛА Медиум се конструирани како електрични автомобили, се забележуваат во возниот комфор, во цврстата каросерија, во исклучително тивкото возење, а посебно во просторноста на задната клупа и општо во рационалноста на искористувањето на просторот – тоа се одлики што се заеднички и за електричните и за бензинските модели.

Средишното место во салонот му припадна на моделот во заштитната боја на Грандленд, во металик бакарна боја, што го прикажува СУВ-моделот во отмено светло. Како и вообичаено, бојата што е заштитна, однсоно промотивна за одреден модел на Опел, значи дека истата се нуди без доплата.
Менаџерите на Опел на настанот укажаа на надворешните обележја на Опел Гранленд, на новата визор-маска со тридимензионална појава, со можност да се нарача осветлено лого. Тоа е детал што Опел го презеде во серија од проротипот Експериментал. Ваква опција се нуди првпат кај Опел и во целата групација, откако ЕУ ги промени законите што досега оневозможуваа други светлечки елементи освен светла. Секако дека и задното лого е осветлено, во црвена боја, со нова технологија Еџ Лајт, што внесува препознатливост. Играта со светлата продолжува и со анимациите при пристапувањето и заминувањето од возилото.

Во споредба со претходничката, должината е зголемена за 17 сантиметри, од кои 11 отпаѓаат на меѓуоскиното растојание. Многумина ќе бидат задоволни од просторноста што се чувствува на задната клупа. Багажникто исто така не заостанува и нуди зафатнина од 550 литри.
Аеродинамичноста е испочитувана до последниот детал, вклучувајќи отсуство на видлива рамка околу страничните прозорци, којашто е сокриена под ламарината. Резултатот е коефициент 0,28, што е врв за СУВ со висока и широка силуета. Уште една одлика на стилот е отсуството на хромирани украси, во смисол на одржливоста на животната средина.

„Ние сме навистина горди на овој грандиозен Ц-СУВ модел. Кога велиме грандиозен, не мислиме само на неговите надворешни димензии, грандиозноста се огледува во секој еден детаљ на оваа креација, грандиозен дизајн, чувство на грандиозност при управување, грандиозен стил, а истовремено чист и елегантен. Тоа е новиот Опел Грандленд,“ изјави Ана Јовановска, менаџерка за медиуми и односи со јавност во Еуроимпекс.
Понудата во гамата на Опел Грандленд почнува со моделот со 136 КС, со благ хибриден погон и 6-степен менувач со двојна спојка, со цена од 32.990 евра со ниво на опременост Едишн, што е над ниво на основен модел.

Продукт менаџерот за Опел во Еуроимпекс, Драган Јовев, изјави: „За што се залагаме во Опел во моментот … ние сме прогресивен и возбудлив германски бренд. Новиот Опел Грандленд скока нанапред вон своето време. Сега созреан, просторен и премиум… достоен на своето име.“
Тоа што Јовев го издвојува како најсилни страни на новиот модел, како „карактеристиките на моделот што се изведени од столбовите на коипшто е поставен брендот“ се смел и чист дизајн, чисто искусво во кокпитот, германско тежнеење кон извонредност и гриновација.
Тимот на Опел вообичаено има подготвено флота од тест возила за заинтересирани купувачи што сакаат да направат пробно возење и ги повикува да закажат тест возење.
Големиот настан во Опел се покажа дека е најава за уште позначајни настани за компанијата Еуроимпекс, што во 2025 ќе одбележи 35-годишнина од основањето. Ивана Манчева Михајловска, заменичка извршен директор на Еуроимпекс, најави низа активности: „Оваа година е јубилејна за Еуроимпекс. Станува збор за 35 години стабилен раст и развој, 35 години инвестирање, 35 години успешно опстојување на пазарот. Еуроимпекс има јасна визија. Имаме и јасни цели за иднината. Со ова сакавме да ве информираме дека ни претстои ГРАНД година, во која ќе имаме повеќе најразлични активности во знак на нашиот 35 годишен јубилеј.“
Еуроимпекс е основана пред 35 години, на 26-ти јануари 1990 година, со само 3 вработени. Со тоа, по осамостојувањето на Македонија, Еуроимпекс е првата приватна компанија чие работење е насочено кон трговија со автомобили.
Денес е регионална компанија со 150 вработени (во Скопје и Белград) и ги застапуваат брендовите Пежо и Опел на пазар од преку 17,5 милиони жители во 5 земји во регионот. Еуроимпекс се национални застапници и за Тотал Енерџис, како и за висококвалитетен и професионален алат од брендовите: Милвоки, Бако, Иримо и други.
















