Браншата со огромна брзина се движи во насока на новата генерација возила што се дефинирани од софтвер, кусо СДВ. Главните подрачја во коишто се постигнува напредокот кај овие возила се автономното возење, конективноста, инфо-забавата, кокпитот и подрачјето што се води како Движење на возилото и Енергија.
Традиционалните производители на автомобили мора да реагираат брзо со развојот на возила што се дефинирани од софтвер, затоа што може да бидат загрозени од софтверските компании и од стартапите.
Одговорот на производителот на премиум автомобили БМВ на дигитализацијата, чиешто значење постојано расте, е токму Ное Класе, новата класа. Во минатата година, минхенскиот производител прикажа Панорамски ај Драјв на салонот на потрошувачка електроника во Лас Вегас и привлече големо внимание.
Новиот дигитален кокпит и инфо-забавниот систем сепак се само еден од бројните технолошки пакети, што ги содржи новата електронска архитектура. Таа е темелот на софтверски дефинираните возила од новата генерација.
Четири супермозоци
БМВ користи две важни иновации за делотворноста на работата на елеткрониката да ја донесе до многу повисоко ниво и значително да ја поедностави електронската архитектура.
- Централизација на процесорската моќ во четири компјутери со високи перформанси. Во жаргонот на БМВ, тоа се четири „супербрејнс“ – за возење, за системи за асистенција, за инфо-забава, за основни функции.
- Воведување архитектура по зони (модули за интеграција на зоните и помалку кабли) со интелигентно и дигитализирано управување со енергијата
Посебноста е во тоа што зонската архитектура на БМВ со централни компјутерски платформи со врвни перформанси нуди можност за скалирање – тоа значи дека истата може да се користи за сите класи на возила на БМВ, за сите видови на погон, и за бенински и за електрични автомобили.
Што е зонска архитектура?
На тој начин се постигнува стабилност во работата на хардверот, со што се овозможува уште поголемо раздвојување на софтверот од хардверот. Сето тоа е основа за брзо и сигурно напредување во насока на СДВ.
Понатаму се овозможува и подобро владеење со растечкиот број на дигитални функции во „СДВ Тек Стак“, што воедно стануваат се посложени. Секако дека има простор и за примена на функции од вештачката интелигенција.
Отсуството на зонска архитектура досега беше еден од најголемите хендикепи на традиционалните производители на автомобили, поради коишто тие ја губеа трката во следењето на иновациите во подрачјето на софтверот, зад стартапите и посебно зад софтверските компании.

Борба против технолошките компании
Додека компаниите што доаѓаат од софтверската бранша, како Хуавеи или Шаоми, или стартапите од типот на Нио, ги конструираат своите возила почнувајќи од софтверот, кај традиционалните производители на автомобили е сосем друга слика. Таму прво се конструира хардверот, за потоа софтверот да се развие посебно за потребите и можностите на таквата архитектура.
Кога ќе се земе предвид колкава е сложеноста на возилата денес, нема друго решение. Со воведувањето на зонската архитектура, БМВ стои рамо до рамо со ИТ и технолошките компании, што се втурнуваат во автомобилската бранша.

Раздвојување на софтверот и хардверот
Шефот во БМВ за тоа подрачје, Кристоф Гроте, вели: „Софтверски дефинираното возило во основа бара софтверот и хардверот да се развиваат одвоено. Ние во изминатите години постојано ги усовршувавме нашите софтверски платформи во возилата и во податочниот облак на тој начин, што почнувајќи со Новата Класа ќе бидеме во состојба, преку повисока фреквенција да им овозможиме на нашите клиенти по пат на апдејт да добијат иновативни софтверски функции и подобрувања во своите возила. Покрај тоа ќе добиеме и уште поголема флексибилност, за да можеме да орговориме на разичните барања на пазарите.“
БМВ ќе почне со продажба на Ное Класе кон завршетокот на 2025 година, со којшто почнува новото технолошко поглавје на минхенскиот производител.
















