Отворањето на новиот развоен центар на Киа во Германија го најавува новиот бран спортски и електрични модели со високи перформанси. Во меѓувреме, Киа го прошири и својот центар за тестирање што се наоѓа веднаш покрај тркачката патека Нирбургринг.
Со површина од преку 25.000 метри квадратни, новиот Коцкест Камп на Киа и Хјундаи во близина на германскиот град Риселсхајм го проширува кругот од развојни и тест-центри на корејскиот производител во Европа.
Киа е сé поубедлива во својот настап на автомобилската сцена како вистински иноватор, што внесува суштински промени. Сето тоа се одвива во усогласен чекор со преоѓањето на електричен погон. Службеното пуштање на објектот во употреба е планирано за март.
Потсетувајќи на претстојниот важен датум, Киа јави и дека завршило проширувањето на постоечкиот центар за тестирање, што се наоѓа на Нирбургринг.
Киа долго е одомаќена на германската тркачка патека, каде што во 2011 година прва почна со строга програма за тестирање на издржливоста, за две години подоцна да биде отворен и центарот за тестирање, чијшто објект сега е проширен за 834 метри квадратни. Во тој простор се сместени нови работилници, скапи лаборатории и брзи полначи за електрични автомобили.
Новиот центар за развој, пак, што е во завршна изградба во Риселсхајм, во кругот на постоечкиот Европски Технички Центар на групацијата и се води под името Коцкест Камп, ќе биде навистина голема вест во март. Тоа е центар што опфаќа вкупно 25.000 метри квадратни, за којшто Киа ветува дека ќе постави нови мерила во браншата.
Времето во Киа отсега се брои пред и по отворањето на новиот центар
Во центарот ќе се наоѓа најголемиот динамометар за четири тркала на Киа во светот, на којшто ќе се тестираат бучавата, вибрациите и грубоста, исто како и динамометри за напредни тестирања на шасија и на погонска спрега. Овој центар заменува голем дел од тестирањето на тркачка патека, односно го забрзува развојот и пуштањето во продажба на новите модели, секако овозможувајќи и технолошки напредок, во чувството во возење и во квалитетот.
Во центарот ќе се работи главно на усовршување на електричните возила, на системите за асистенција, на инфо-забавните системи и на технологијата на електричниот погон.
Одржливоста во изградбата на новите центри е неизоставен дел. Во овој случај, тоа значи природни материјали, фотоволтаици и топлински пумпи. Работната средина ќе биде во допир со природата, покривот ќе биде градина.
















